Би дале отказ поради преголемата плата?
Објавено во: Стил 06 Ноември, 2013 10:47
Сандип Џија работел како програмер во една ИТ фирма во Бангалор и платата месечно му изнесувала околу 530 евра.
Депримиран затоа што толку луѓе во неговата земја живеат на работ на егзистенцијата, Сандип повеќе пати ги молел надредените да му ја намалат платата, но тие, збунети, секогаш го одбивале неговото барање.
Затоа што повеќе не можел да издржи, дал отказ и вели дека сега се чувствува подобро.
- Не можев да го поднесам фактот дека јас седењето зад компјутер добивам толку пари, додека толку луѓе едвај успеваат да состават крај со крај. Го решив проблемот, така што дадов отказ и ќе побарам работа на која ќе имам поподносливи услови, рече тој.
Во Индија повеќе од 844 милиони луѓе живеат под границата на сиромаштијата, според податоците на Светската здравствена организација. Останатите околу 20 отсто од населението, повремено страдаат од грижа на совеста и чувствуваат вина затоа што неможат да им помогнат.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





