19 Декември, 2025
0.0491

Би одбрале ли да дојдете до дом преку „Купи куќа за млади“?

Објавено во: Економија 06 Август, 2016 19:05

Добивај вести на Viber

Размислувате за нов дом?

„Купи куќа за млади“ е проект кој го реализира и нуди владата со низа можности.

Според информациите на надлежните речиси 1000 семејства покажале интерес и аплицирале за свој дом преку вата модела субвенција на рата и учество од проектот „Купи куќа за млади“.

Колку можете да заштедите преку проектот „Купи куќа за млади”?

Пресметките покажуваат дека преку проектот „Купи куќа за млади” може да се заштедат и до 33 000 евра, тврдеа надлежните при презентациите на податоците.

Граѓаните кои ќе се одлучат да бидат дел од проектот „Купи куќа за млади“ можат да избираат меѓу две опции.

И тоа 100 отсто субвенционирање на учество, за кредит од 50 илјади евра, односно неповратната помош од 12.500 евра и варијантата за субвенционирање на 80 отсто од месечната рата во период од 8 години и 50 отсто во следните 3 години, што е помош од 6.500 до 32.500 евра без обврска за враќање на парите.

За помала куќа до 100 квадрати, потребен е кредит од околу 30.000 евра. За кредит од 30.000 евра од прилика доаѓа месечна рата којашто се движи околу 200 евра месечно. Тоа значи дека првите осум години, граѓанинот ќе плаќа само 20 отсто, односно 40 евра месечно, додека Владата ќе ги плаќа останатите 160 евра, односно до вкупната месечна рата од 200 евра.

Вториот модел е ако граѓанинот нема пари – готовина, како учество за да добие кредит во банка. На почетокот се даваат тие пари, значи Владата во тој случај 100 процентно го обезбедува учеството.

Услов е апликантот да биде на возраст до 35 години (важи и за луѓе со полни 35 години), насвое име да нема друг стан или куќа (во брачна заедница ова важи за двајцата брачни другари). За поединец, максималните месечни приходи треба да бидат помали од 900 евра, а горната граница за брачна двојка е 1.300 евра.

Инаку, за реализација на проектот „Купи куќа за млади” општинните во наредните неколу месеци на продажба ќе нудат изградба на куќи со почетна цена од едно евро за метар квадратен.

Овие подготовки следат откако  Владата предложи финансиски да ги поддржува општините во спроведување на проектот. Таа ќе ги покрива трошоците на општините за градба на водовод, канализација и пат, посебно оние кои ќе обезбедат 100 и повеќе локации за куќи и тоа преку Програмата за рурален развој.

СИТЕ ДЕТАЛИ: Kако да аплицирате за проектот „Купи куќа за млади“

„Купи куќа за млади“ е наменет за млади до 35 години .

Апликациите за проектот се доставуваат до 8-те комерцијални банки кои учествуваат во проектот, односно Стопанска банка, НЛБ, Охридска банка, Стопанка банка Битола, ТТК, Прокредит, Шпаркасе и Алфа.

 За да може да се аплицира за проектот „Купи куќа за млади“ лицето треба да ги исполни следните услови:

 – Да нема повеќе од 35 години,

 – Да одговара на критериумите за добивање кредит за куќа пропишани од банката,

 – Платите на лицето кое аплицира и на брачниот другар да бидат помали од 1.300 евра, или доколку лицето не е во брак платата да биде помала од 900 евра,

 –  Да нема друг стан или куќа на свое име или доколку е во брак и на име на брачниот другар

 –  Да нема подигнато друг станбен кредит

 –  Рокот на отплата на кредитот да е најмалку 20 години (со можност за отплата по 12 година).

Доколку лицето одговара на условите, постапката за аплицирање е следна: Лицето треба да обезбеди плац, или доколку прави надградба/доградба треба да обезбеди согласност од сопственикот на куќата дека може да надградува/доградува, треба да обезбеди идеен и изведбен проект за изградба на куќата – бесплатни проекти за куќи од 60, 80, 100, 120, 150 и 180 метри квадратни може да добие од Министерството за транспорт и врски, да извади градежна дозвола, да склучи преддоговор со градежник изведувач и да поднесе апликација во банка

 Младите можат да бираат помеѓу два модела од проектот „Купи куќа за млади“.

 Субвенција на учество преку овој модел младите можат да ја искористат поддршката од Владата за отплата на целото учество  (25% од кредитот). Каматната стапка е фиксна за цело време на отплата на кредитот, односно 6-месечен ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени.

Дополнително се  заштедува од 2.000 до 3.000 евра со повластените каматни стапки.

 Преку моделот Субвенција на рата граѓанинот може  да ја користи поддршката од Владата за отплата на месечната рата на кредитот за куќа (главнина и камата), и тоа: Владата плаќа 80% од месечната рата во првите 8 години и 50% во 9,10 и 11 година од периодот на отплата.

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите