06 Декември, 2025
0.0728

Би потрошиле 20 000 долари за апарат за кафе?

Објавено во: Стил 24 Ноември, 2013 12:37

Добивај вести на Viber

Кеес ван дер Вестен за прв пат се среќава со еспресото како студент. Ова се случува во 80-тите , додека учи индустриски дизајн во Генк , Белгија . Како и повеќето студенти му се допаѓа пијалокот кој го нудат локалните кафулиња поради содржината на кофеин, но не толку заради вкусот или мирисот. Ова се менува откако решава дипломската работа да му биде посветена на еспресо - машината . Повеќето слични машини во тоа време биле здодевни метални кутии што давало широк простор за иновации, тврди тој. Денес машините на Ван дер Вестен станаа култ за љубителите на кафето . Тие се и меѓу најскапите на пазарот. Најмалиот и најевтин модел Speedster чини околу 8 800 долари во продавницата , а најголемиот - Spirit - се продава за 20 000 долари, пишува Bloomberg . Ван дер Вестен и уште десетина негови помошници произведуваат 400 машини годишно во малата работилница во градот Варт во јужна Холандија. Повеќето од купувачите се кафулиња и барови за еспресо. Во последно време сепак интерес пројавуваат и доста богати луѓе , кои сакаат машините да бидат експонати или уметнички дела во кујната . Тоа е прилично сериозен ангажман , со оглед дека инсталирањето на уредите бара посебно поврзување со струја , вода и специјални системи за филтрирање на водата . Меѓу останатите производители кои заработуваат од модата на еспресо со професионален квалитет дома е и La Marzocco International LLC ,а компанијата продава меѓу 800 и 1 000 парчиња годишно , иако нивната цена почнува од 7 000 долари. Друг производител од Сиетл - Slayer Espresso , ќе почне да продава професионални машини за домашна употреба до крајот на оваа година . Според Кент Баке , извршен директор на La Marzocco , вкусот на еспресо не смее да се измени од машината. „Најголемиот предизвик за нас како производители на машини за еспресо е да овозможиме што е можно помала штета на самото кафе " , објаснува тој . Што се однесува до машините , главните варијабли се притисокот и температурата. На вкусот на кафето пак влијае и водата. Најдобрата температура за готвење е таа меѓу 82 и 96 степени Целзиусови, а трикот е водата да се пушти на точната температура.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: