Бидете физички активни за поголемо животно задоволство
Објавено во: Стил
19 Мај, 2014 21:35
Добивај вести на Viber
Луѓето кои што секојдневно ја зголемуваат својата физичка активност за само неколку минути, чувствуваат поголемо животно задоволство, се вели во новата студија.
Истражувачите од Универзитетот Пенсилванија проучувале 153 луѓе на возраст помеѓу 18 и 25 години со цел да го утврдат влијанието на физичката активност врз чувството на задоволство од животот.
Пронајдено е дека задоволството е под директно влијание на дневната физичка активност.
Со овој пронајдок се повеќе се зацврстува идејата дека физичката активност е значајна за здравјето на луѓето и треба да се земе во предвид кога се изготвуваат националните политики за подобрување на квалитетот на животот.
Според истражувањето, за да ги согледаат позитивните ефекти, луѓето треба само малку да го зголемат нивото на извршување на физичката активност.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: