Билд: Германија ќе ги зголемува пензиите
Објавено во: Свет 26 Ноември, 2012 13:49
Германската Влада планира во следните четири години значително да ги зголеми пензиите, објави Билд.
Весникот не напоменувајќи за извор на веста, тврди дека се очекува Владата на 28 ноември да одобри зголемување на пензиите. Конзервативната Влада планира зголемување на пензиите за 8,27 отсто во западните покраини до 2016 година и 11,01 отсто во покраините кои некогаш беа во состав на источна Германија.
Билд објави дека во 2013 година пензионерите во источните покраини ќе добијат пензии повисоки за 3,49 отсто што е најмногу од 1997 година додека во западните само еден отсто, а во 2015 - 2,55 отсто. Доколку биде потврдено, тоа ќе биде најголемо зголемување на пензиите од 1993 година.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала
Итна евакуација на жителите на Вашингтон: Клучни денови за безбедност
Путин тврди дека го зазеле украинскиот град Северск




