05 Декември, 2025
0.1457

Билет за двајца – 9.000 евра

Објавено во: Стил 18 Септември, 2013 09:35

Добивај вести на Viber

Доколку имате вишок пари, а не знаете каде да ги потрошите, еве еден интересен предлог. Но, за ова малку ќe почекате бидејќи картите се распродадени до јуни 2014 година.

Станува збор за јапонскиот воз Nanatsuboši“  кој е најлуксузниот изработен воз  во јапонската железница во Кјушу. Овој воз е наменет за богати патници кои во текот на патувањето ќе се чувствуваат како во хотел со седум звезди. Возот има седум вагони со гастрономски ресторани, пијано бар и 14  пространи апартмани опремени  со дрво, работна соба , „кинг сајз" кревети, посебно купатило и тоалет со ВЦ даска која се загрева.

Патувањето трае четири дена и тоа околу островот Кјушу. Аранжманот, кој опфаќа четири дена и три ноќевања, изнесува 1,13 милиони јени, односно 9.000 евра. Возот, своето прво патување ќе го започне идниот месец.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: