20 Декември, 2025
0.0497

БИСЛИМОСКИ: ДНЕВНАТА ЕВТИНА ЕНЕРГИЈА СЕ ВРАЌА ОД ПРВИ ДЕКЕМВРИ - Цената се намалува, но не за сите потрошувачи

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2023 13:32

Добивај вести на Viber

Дневната евтина тарифа на електрична енеригја се враќа дури од 1 декември, а во меѓувреме од следниот месец ќе има промени во цените по кои домаќинствата ќе ја плаќаат енергија. Едни, како што објави Фактор ќе плаќаа по уште пониски цени, други, по повисоки. 

Поточно, цената за потрошувачите од прва и втора категорија се намалува, додека за оние од трета и четврта се зголемува, објави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика

-  Изиминативе две години, Македонија се соочи со голема енергетска криза, која беше пред се ценовна. На неа се надоврза и конфликотот во Укрина што ја доусложни ситуацијата. И покрај проблемите, грејната сезона започна навреме, за разлика од земји во соседството. За 18 месеци се изградени и приклучени на мрежата нови обновливи извори на енергији, за што во првите пет месеци од годинава имаме увоз на електрична енергија од 12 проценти, што најмал откако увезуваме енергија - посочи претседателот на РКЕ. 

Тој истакна дека енергетската криза е новото нормално, поради што нагласи дека „не гледаме дека ќе има промени на цените, кои сега се движат околу 150 евра за мегаватчас“. 

- Најдобар начин е да се купува енергија во најевтинито период. Кога ја укинувавме евтината тарифа, ветив дека првата можност кога ќе се укаже, ќе ја вратиме. Таа се враќа од 1 декември во период од 13 до 15 часот, ова е максимум што можеме да го нарпавиме и очекуваме следниов период да започне промената на саатите. Тоа го правиме по сигналот на берзите, каде што во овој период цените на енергијата се најниски, со што им даваме сигнал и на компаниите да купуваат повеќе енергија овој период кога цените се најниски - истакна Бислимоски

Тој исто така посочи дека во однос на цените на електрична енергија кај дел од потрошувачите ќе има зголемување на цената кај третата и четвртата категорија, а намалување кај првата и втората категорија на потрошувачи. 

- Вкупната цена на електрична енергија во првиот блок со вкалкулирана енергија и мрежарина се намалува за 7,04 проценти. Во вториот блок се намалува за 4,09 проценти.

Цента во третиот блок се зголемува за 2,54 проценти, и во четвртиот блок за 2,42 проценти.

Цените за енергија во евтина тарифа остануваат речиси идентични. Кај малите потрошувачки, заради има зголемвуање од 0,38 проценти - посочи Бислимоски. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба