Бислимовски: Од утре официјално дневна евтина тарифа за струја
Објавено во: Економија 29 Ноември, 2023 21:42
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, вечерва како гостин на ТВ Стар рече дека од утре од 13.00 до 15.00 часот официјално домаќинствата ќе плаќаат дневна евтина тарифа за електрична енергија.
- Од утѕре официјално евтината тарифа ќе се враќа кај домаќинствата. Кога ја укинавме во декември 2021, тоа беше во услови кога имавме цени на електрична енергија по 300-400 евра по мегаватчас, а во текот на денот достигнуваше до 500, 600, 700 евра. Едноставно тие трошоци не можеа да се издржат. Бевме принудени да ја укинеме, но тогаш ветивме - во првиот момент кога ќе се создадат технички и пазарни услови, ние ќе ја вратиме евтината тарифа,, рече Бислимовски.
Првиот човек на РКЕ објасни дека цената во текот на денот од март до октомври во тој период е за два до три пати пониска, отколку кога ќе се затемни, со што и ЕСМ и ЕВН ќе се стимулираат да купуваат струја во тие термини од слободниот пазар.
- Сите домаќинства кои имаат далечинско отчитување, утре ќе имаат евтина тарифа, група по група ќе се сетираат мерилата. Не можат екипите на ЕВН одеднаш да заменат уште 400.000 броила, но до крајот на месецот ќе ја имаат 90 отсто, додаде тој.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




