БИСЛИМОВСКИ: РКЕ има влијание врз 38 отсто од цената на струјата, врз пазарниот дел не можеме да влијаеме
Објавено во: Економија 23 Мај, 2021 09:42
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги со процесот на либерализација на пазарот на електрична енергија во крајната цена на определување на електрична енергија има надлежност за ревидирање на трошоците во 38 отсто и во тој дел ќе ги преземеме сите законски дозволени мерки да нема зголемување на крајната цена – посочи Марко Бислимоски на онлајн предавањето кое го одржа со студентите од Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.
Објаснувајќи ја методологијата за формирањето на цената на електрична енергија Бислимоски истакна дека доминантен дел од крајната цена ја одредуваат пазарни компоненти врз коишто РКЕ нема влијание, а тоа се цената на електричната енергија што ја набавува универзалниот снабдувач, маржата на универзалниот снабдувач определена на тендер спроведен од Владата и цената на електричната енергија од обновливите извори на енергија.
„Од година во година се помалку РКЕ има влијание врз цената на електричната енергија согласно Законот за енергетика. Идејата на либерализација на пазарот на електрична енергија е цената самостојно да се формира, а ние остануваме надлежни за формирање на цени за пренос и дистрибуција, затоа што станува збор за регулирање на природни монополи кои немаат конкуренција и затоа секаде постојат регулаторните тела да определуваат цени и да овозможуваат пристап на трети страни. Кога ќе се спомене цена на струја, очите се вперени во РКЕ, но тоа суштински не е така. Трета година по ред РКЕ не ја регулира цената на електричната енергија произведена во ЕСМ, согласно Законот за енергетика. Компанијата самостојно дава понуда на тендер за набавка на електрична енергија што го распишува универзалниот снабдувач (ЕВН Хоме). Во овој период од годината нас ни пристигаат пресметки од сите енергетски компании и ние детално ги скенираме ставка по ставка, посебно ги гледаме реалните трошоци. Компаниите имаат тенденција да прикажат и трошоци кои не се поврзани суштински со процесот на обезбедување на електрична енергија, но тие не ги прифаќаме. Кога носиме одлуки генерално и за сите цени кои ние ги определуваме, ние не носиме одлука за да ја уништиме или збогатиме компанијата. Ние носиме одлука со која ги признаваме само оправданите трошоци и реалните инвестиции кои гарантираат непречена достапност и го обезбедуваат пропишаниот квалитет на енергенсот. Граѓаните мора да бидат заштитени и ние сме затоа тука“, посочи Бислимоски.
Начинот на кој се формираат методологиите за утврдување на цената на електрична енергија, природен гас и топлинска енергија како и цената на нафтените деривати беа темите кои претседателот Бислимоски ги презентираше пред студентите. Од аспект на заштита на потрошувачите, што е фундаментална мисија на РКЕ, конципирањето на секоја методологија е да гарaнтира услугите да се испорачуваат со соодветно ниво на квалитет.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




