19 Декември, 2025
0.0435

Битиќи: Ќе го исклучиме ТЕ-ТО зошто е руска инвестиција

Објавено во: Економија 06 Февруари, 2024 11:36

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешниот брифинг со новинарите рече дека скопската когенеративна централа ТЕ-ТО ќе биде исклучена во иднина со доаѓањето на грчкиот инвеститор Митилинеос.

- Централата ТЕ-ТО ќе ја исклучиме затоа што е руска инвестиција. Наскоро ќе започне изградбата на гасоводот со Грција и ние повеќе нема да бидеме зависни од нив, рече Битиќи.

Вицепремиерот рече дека со Законот за стратешка инвестиција на гасната централа Митилинеос ќе му бидат дадени 50 милиони евра државна помош за 5 години.

На Митилинеос ќе му биде дадено големо пространство државно земјиште во комплексот Железара во Гази Баба за релативно мала сума, а дополнително државата ќе ја направи и пристапната инфраструктура.

Митилинеос ќе треба да ја изгради централата за пет години и се очекува покрај електрична енергија, да произведува и топлинска енергија која што би била за 40 отсто поевтина.

Струјата што би ја продавал Митилинеос на ЕСМ би била само 5 отсто пониска од берзанската.

Според Битиќи, ТЕ-ТО треба да се затвори од стратешко безбедносни причини и покрај тоа што оваа компанија на големо помогна со своето работење во енергетската криза.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии