05 Декември, 2025
0.0427

Битка помеѓу братoт и сестрата за бизнис вреден милијарди евра

Објавено во: Стил 30 Септември, 2013 19:13

Добивај вести на Viber

Пред две години Бернар Арно му дозволува на синот Антоан да застане на чело на компанијата за производство на обувки Berluti , а потоа еден месец подоцна ја именува и својата ќерка Делфин како извршен потпретседател на Louis Vuitton. И додека нејзината задача е да го заживее производителот на чанти , Антоан треба да го претвори Berluti во гигант во областа на машката облека.  Арно всушност ги подготвува и двајцата за друга работа - целосно да ја земат компанијата во свои раце. На 64-годишна возраст извршниот директор на LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton, веќе ги исполнува барањата за државна пензија. Тој не давал индикации дека е изморен од тоа да ја раководи најголемата компанија за луксузни стоки во светот , но во одредена фаза тоа ќе стане важно и треба континуитет на работата кога Арно ќе ја препушти топката на децата, вели аналитичарот во Berenberg, Џон Гај. Оптоварувањето на децата со поголема одговорност му овозможува на Арно да ги тестира , вели Гај, но додава дека ова го разгорува ривалство. Тој беше повикан во LVMH во 80-тите години од Анри Ракамие , еден од наследниците, кој води војна против друг круг од компанијата. Арно помага на Ракамие да го совлада својот најголем ривал , а потоа го истиснува Ракамие од компанијата и ја превзема контролата над неа. Овојпат најбогатиот Французин, кој го претвора LVMH во гигант во областа на луксузни стоки со над 60 марки - од шампањското Krug до часовниците Tag Heuer , ги става еден против друг членовите на неговото семејство. Арно , кој контролира 46,5 % од акциите со право на глас во LVMH , изјавува дека очекува да биде наследен од блиските, пишува Bloomberg . Триесет и осум годишната Делфин се појави како најверојатен наследник , вели Лука Солца , аналитичар во Exane BNP Paribas . Berluti е важна бренд , но помалку од Vuitton , која генерира над половина од профитот на LVMH во износ од 5,9 милијарди евра, вели Солца . Нејзиното назначување на чело на производителот на чанти претставува " голема поддршка“ , смета аналитичарот . Други, пак, се обложуваат на синот на Арно . „Антоан е екстровертен, додека Делфин е затворена ", вели Марио Ортели , аналитичар во Sanford C. Bernstein . „Делфин може да игра многу важна улога , но повеќе како акционер или претседател , а не менаџер . Антоан треба да биде лицето на групата“, вели Ортели. Делфин и Антоан се разликуваат и според задачите поставени пред нив од нивниот татко. Делфин Арно , која учела во бизнис училиштето Edhec во Франција , а потоа во London School of Economics , е резервирана , остроумна и со талент за модата. Таа се приклучува на компанијата на својот татко во 2000 година , откако извесно време работи за McKinsey & Co. Во 2003 година влегува во бордот на директори на LVMH . До јуни Делфин ја зазема функцијата заменик управен директор на Christian Dior Couture . За пет години колку што е на функцијата , продажбата на брендот расте за 67 % до 1.28 милијарди евра . LVMH , која не објавува приходи по брендови сепак го забележа во април најслабиот раст во продажбата на модни и кожни стоки од 2009 година. Обртот на Vuitton достигнува околу 7,3 милијарди евра во 2012 година , а го сочинуваат над 70 % од продажбата, токму делот за мода и кожени стоки , според проценката на HSBC . Антоан Арно е „позабавен“, а во покер заработи од наградни фондови над  600 000 долари , според Pokerpages.com . Тој се појавува често во медиумите од Paris Match до The New York Times . Антоан излегува со моделот Наталија Водјанова што е рекламно лице на парфемот Guerlain и на долната облека Etam . Тој се приклучи на LVMH во 2002 година , откако завршил во Insead и HEC Montreal . Откако станал претседател на Berluti , Антоан вработува познат дизајнер и купува шивачка компанија во Париз, со цел да му помогне на производителот на обувки Ermenegildo Zegna SpA и Brioni . Тој троши сериозни средства и за маркетинг и отвора продавници од Мајами до Шангај . Во јануари Арно објави дека очекува најголемиот син да ги подигне приходите на Berluti до " неколку стотици милиони долари ", иако не е поставува краен рок за тоа . Со три помлади деца , внук и внука Бернар Арно има и други потенцијални наследници , како и други раководители , кои се или не се дел од LVMH . „Барем еден од нив ќе покаже дека е способен да ја преземе компанијата ", вели Арно за наследниците во документарец емитуван на France 5 во февруари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: