03 Јули, 2024
0.0269

БИТКА ПОМЕЃУ ПРОТИВНИЦИТЕ: Чии плажи привлекоа најмногу туристи!

Објавено во: Свет 25 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Грција и Турција - соседи и историски непријатели, ги делат истите сини води на Егејското Море, вкусна храна и древни урнатини, макар што само една од двете земји заработува повеќе на туристичкиот фронт. Иако е речиси во економски колапс, состојбата на Грција не влијаеше на привлекувањето на туристи, но близината на Турција кон воената зона во Сирија и заканата од терористички акти се покажаа вистински проблем, пишува Bloomberg. Ова лето ситуацијата не изгледаше воопшто добра за Грција. Сепак туристите кои бараат сончеви плажи и острови, ги наполнија џебовите со пари и се упатија назад. Јули се покажа како рекорден месец, покажуваат последните статистички податоци. Сосема близу, источно од грчките острови, се наоѓа Турција, чија економија расте, но туризмот не се радува на добри резултати оваа година. Бројот на туристите кои пристигнуваат на турските аеродроми, почна да опаѓа во април. Во земјата имаше ескалација на насилството, кое достигна кулминација со нападот врз дворецот Долмабахче - една од најпопуларните туристички атракции во Истанбул. Овој инцидент го рашири стравовите кај странските туристи, кои сметаат дека може да се најдат на погрешно место во погрешно време. Други фактори исто така натежнуваат на туризмот. Турција беше една од најдобрите туристички дестинации за Русите. Колапсот на рубљата значи дека многумина веќе не можат да си дозволат да ја посетат земјата. Посетителите кои доаѓаат од Русија, се намалиле за 24% во првите шест месеци од 2015 година во однос на истиот период минатата година, покажуваат податоците на Министерството за култура и туризам на Турција. Дури Турците одат на одмор во Грција, каде што цените се намалија значително во споредба со оние во Турција. Обработка:К.К. Извор: Bloomberg

Можеби ќе ве интересира

ВОЈНА ЈА СПРЕЧИЛА ДА ОДИ НА НАСТАВА: Италијанка на 93 години заврши средно училиште

ВОЈНА ЈА СПРЕЧИЛА ДА ОДИ НА НАСТАВА: Италијанка на 93 години заврши средно училиште

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ПОЖАР ВО ТУРЦИЈА: Гори кај Измир, жителите се евакуирани

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЕДНА НЕДЕЛА ОТКАКО АСАНЖ Е СЛОБОДЕН: Викиликс објави тајни документи за тоа што планира Израел за цивилите во Газа

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

ЗАГРИЖЕН Е ЗА ИДНИНАТА НА МЛАДИТЕ ЕВРЕИ, ТАМУ СЕ ОДАМНА, НО... - главниот рабин разочаран по успехот на екстремната француска десница

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

„МЕКДОНАЛДС“ ГО СКРАТУВА ВРЕМЕТО ЗА ПОЈАДОК: Птичјиот грип „ги изеде“ јајцата

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ЕВЕ КАКО СЕ БУДИ ЕТНА: Иако не ни спиела последниве години

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ФРАНЦИЈА ИМА КОНКУРЕНТ: Eвропска земја ќе ја надмине по бројот на туристи

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар

ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ПОРАКА ОД ЛЕ ПЕН: Макрон сака да изврши административен удар