19 Април, 2024
0.0267

Битола има „Премиер лига“, кој игра во неа?

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Петте најангажирани фирми во РЕК Битола за ископ на јаглен и ангажман на механизација на повик за година и пол добија договори вредни над 36 милиони евра. Во овој период РЕК Битола поништи еден тендер за набавка на сопствена механизација, а уште не може да распише нов зашто чека правилници за Законот за јавни набавки кои треба да ги донесе Министерството за финансии. Во меѓувреме вредноста на договорите што ги добија петте фирми за година и пол ја надмина проектираната вредност на механизацијата што треба да ја набави РЕК Битола

Четири битолски компании добија договори вредни 32,75 милиони евра за ископ на јаглен, јаловина и за ангажман на механизациј на повик од РЕК „Битола“ за година и половина. Во битолската „Премиер лига“ освен домашните „Пелистер“, „Марковски компанија“, „РУД КОП“ и „СВ Инвест“ во големата петорка има една скопска „екипа“ – МИС Компани.

Што ги поврзува овие компании?

Прво, сите пет фирми се ангажирани на тендери за ископ на јаловина и јаглен за потребите на најголемата македонска термоелектрична централа (и единствената македонска термоелектрана што работи н.з.) независно дали е редовен ангажман или се работи за ангажан на повик. Второ, заедничко им е и тоа што заедно добиле бизнис од 36,4 милиони евра. Трето, заедничко им е тоа што тендерите ги добиле во мандат на Васко Ковачевски, актуелниот директор на РЕК „Битола“ – човек што додека беше опозиционер, а потоа и пратеник беше жесток и уверлив критичар на владата на ВМРО-ДПМНЕ за ангажманот на речиси истите овие фирми од страна на поранешното раководство на РЕК Битола за истите услуги.

Резиме на досегашното директорување на Ковачевски е тоа што за година и половина компанијата што ја води склучи десетина тендери со горенаведените фирми за ископ на јаглен и јаловина и ангажман на механизација, а вредноста на тие тендери ја надминува проценета вредност на тендерот за набавка на сопствена механизација за потребите на РЕК Битола. При тоа тендерот беше поништен со образложение дека новиот Закон за јавни набавки ќе донесе подобра можност за избор на квалитетна сопствена механизација. Новиот Закон за јавни набавки стапи на сила на 1 април и три месеци потоа РЕК Битола или фирмата мајка ЕСМ уште не распишала тендер за нова сопствена механизација.

Цените за единица ископ и тоа колку компании просечно се јавувале на тендер за ископ на јаглен ќе ги анализираме дополнително наскоро.

„Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста се обрати до РЕК „Битола“ за да добие одговор кога ќе го распишат тендерот. Причина зошто не е распишан сега биле подзаконските акти кои требало да ги донесе Министерството за финансии. Ова е нивниот одговор:
АД ЕСМ очекува во најкраток рок да бидат донесени подзаконските акти на Законот за јавни набавки за да биде распишан тендерот за набавка на механизација за ископ на јаглен и јаловина за потребите на РЕК Битола. Тендерот од наша страна е веќе подготвен.За потсетување, тендер за оваа намена беше распишан минатата година, но истиот беше поништен по многубројните прашања и сугестии од заинтересираните компании. Тогаш беше донесена одлука да се сочека Законот кој стапи во сила во април, а според кој критериум за избор на најдобар понудувач е квалитетот, наместо најниската цена. Со тоа се потврдува нашата цврста определба РЕК Битола како најголем производител на електрична енергија во рамките на АД ЕСМ, да добие опрема која во подолг период ќе ги задоволува потребите.“

Табела на Битолската „Премиер лига“:

Подолу ќе направиме обид сатирично, а низ спортски жаргон да ја претставиме Битолската „Премиер лига“ под покровителство на РЕК Битола (а ги замолуваме заинтересираните страни да не ни фатат за кусур)

-Убедлив лидер е Пелистер со освоени 21,25 поени (читај милиони евра) кој во целата сезона јануари 2018 година – јуни 2019 годинакој цело време особено се истакна со тактичката подготвеност и кондиција;

- Второ место е Рудкоп Битола кој со бравурозна игра во последното коло успеа да освои 5,56 поени (читај милиони евра)

-Трет е тимот на Марковски компанија кој има 4,34 поени (читај милиони евра) и се држеше на второ место пред Рудкоп да добие тендер на почетокот на јуни;

- МИС Комерц е единствена скопска екипа во првата петорка на оваа лига со освоени 3,7 поени (читај милиони евра) со што е на безбедно од последното место

-Фенерџија е домашниот тим на СВ Инвест кој во два наврати освои вкупно 1,6 поени (читај милиони евра)

Р.Ф

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите