05 Декември, 2024
0.0274

БИЗАРНИОТ СВЕТ НА ЛАЖНИ КОМПАНИИ ШТО ГО ПЛАШИ БРИСЕЛ: Директори се деца, а седиштето во древен Египет

Објавено во: Финансии, Свет 21 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Податоците на аналитичката компанија Мудис покажуваат дека во Европската унија има речиси четири милиони фиктивни компании - најмногу во Франција и Кипар - а голем број од нив се користат за избегнување даноци, санкции или за перење пари.

Мудис прочешла милиони компании и поединци во потрага по сомнителни податоци и дошол до често бизарни податоци. На пример, илјадници компании кои дури котираат на берзите ги водат директори помлади од пет години, а една од белгиските компании е на чело на лице постаро од 900 години.

Иако таквите грешки може да се појават во брзината на внесување податоци, тие укажуваат на многу поширок проблем, предупредува Тед Дата од Мудис за Еуроњуз.

„Тоа е показател за големи проблеми во системите со слаб капацитет“, рече Дата, шеф на тимот за финансиски криминал.

Тој го забележа недостатокот на ресурси во официјалните регистри како што е Домот на компаниите во Обединетото Кралство - и тие се „загрижувачки сами по себе бидејќи на тој начин влегувате во финансискиот систем“.

Дел од вината може да се припише на адвокатите и посредниците кои им помагаат на супербогатите да го сокријат своето богатство зад сложените корпоративни структури, со малку регулативи и проверки, рече Дата.

Но, работите би можеле да се променат. Во средината на јануари, Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа привремен политички договор за дел од пакетот закони за спречување на перење пари и финансирање тероризам.

Привремената спогодба за регулативата за спречување на перење пари ги усогласува правилата низ Унијата за прв пат и ги затвора потенцијалните дупки што ги користат криминалците за перење нелегални профити или финансирање терористички активности преку финансискиот систем. Меѓу другото, регулативата бара давателите на услуги поврзани со трустови или компании да го потврдат идентитетот на клиентите, исто како што тоа го прават банките.

Британскиот HMRC, исто така, почна да казни некои брокери за небрежност, вели Дата. Но, дури и тој е збунет зошто некои информации за фиктивни компании се толку очигледно лажни. Така, ги има повеќе од 22.000 чиј центар е регистриран на адресата на Кеопсовата пирамида во Египет.

Некои тврдат дека постојат легитимни причини за основање компании - како што е заштитата на корпоративната интелектуална сопственост или структуирањето на инвестициите од приватни компании. Но, за законодавците на ЕУ тоа не се убедливи објаснувања.

„Не гледам јасни причини зошто би имале фиктивни компании“, рече членот на Европскиот парламент, Холанѓанецот Пол Танг за Euronews, предупредувајќи на нивната улога во избегнувањето на даноците и санкциите наметнати на Русија.

„Ако сакаме приходи, мора да се справиме со даночното затајување, а фиктивните компании се во срцето на тоа“, рече Танг, претседател на даночната комисија на Европскиот парламент.

Танг го поддржува воведувањето на нов закон предложен од Комисијата уште во 2021 година, според кој на компаниите со сомнителни активности потенцијално ќе им бидат одземени даночните олеснувања врз основа на нивните приходи, прекугранични активности и управување.

Но, за да стане закон, предлогот - Директивата Unshell - треба едногласна поддршка од сите 27 членки на ЕУ - вклучувајќи го и Луксембург, голем финансиски центар кој Комисијата го обвини дека сè уште е голем даночен рај.

Но, сепак големото прашање е како да се искористи законот за сузбивање на фиктивни компании и можни криминални активности.

Ако критериумите се нејасни или премногу широки, тоа само ќе ја зголеми бирократијата и правната несигурност. Ако тие се премногу конкретни - на пример, контролирате само компании со три или помалку вработени - потенцијалните перачи на пари може да вработат само четири или пет вработени.

Дата ја нарекува „бескрајна игра“ меѓу оние кои се борат против валканите пари и оние кои се обидуваат да ги исперат.

„Она што се обидуваме да го направиме е да ги зголемиме трошоците за криење на богатството. Секоја нова регулатива, секоја нова регулатива само им ги отежнува работите и на тој начин одвраќа се повеќе луѓе. Тоа е сè што навистина можеме да направиме“, рече Дата.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

НА 5 ДЕКЕМВРИ Е СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СКИ ПАТЕКИТЕ НА КОПАОНИК: Проверете дали ќе ви се допаднат цените

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ЕВЕ КОЛКУ ЧИНИ ВОЗЕЊЕ ВО НОВОТО МЕТРО ВО СОЛУН: Археолошка изложба за смешна цена

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра