05 Декември, 2025
0.1226

БРОЈКИТЕ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, КОЛКУ ПРОФИТИРАШЕ МАКЕДОНСКИОТ БАНКАРСКИ СЕКТОР - уште еднаш се потврди дека нето приходите од камати се главниот извор

Објавено во: Финансии 04 Декември, 2024 08:20

Добивај вести на Viber

Ги искоментиравме профитите на домашните банки во првите девет месеци од годинава, откако тие беа јавно објавени преку Македонската берза за долгорочни хартии од вредност, што се однесува на банките кои се котирани акционерски друштва и кои редовно и транспарентно ги објавуваат своите финансиски извештаи. Овде пред се би ја споменале Комерцијална банка, која ја фасцинираше домашната финансиска и бизнис јавност со својата фантастична добивка од над 72 милиони евра, но одлични резултати остварија и Стопанска банка Скопје, со профит од 45,4 милиони евра за првите три квартали, како и НЛБ Банка, чија чиста добивка во истиот овој период била на ниво од 44,2 милиони евра.

Но, деновиве Народна банка на Македонија ги објави и групните податоци, за тоа колку во истиот тој период бил профитабилен македонскиот банкарски сектор во целина, односно сите 13 банки кои работат на наша територија.

Интересно е да се објави дека за периодот од јануари па заклучно со октомври годинава, македонскиот банкарски систем профитирал со вкупно 242 милиони евра, што е раст за дури 45 милиони евра во однос на истиот период од минатата година.

А, дури 162 милиони евра од овој вкупен банкарски профит, според математиките, отпаѓа на трите големи банки, што значи дека тие три големи банкарски „царици“ држат две третини од вкупниот банкарски заработувачки во земјава. Додека, пак, треба да се истакне и дека големата банкарска петорка, каде покрај овие три банки влегуваат и Шпаркасе и Халк банка, оствариле вкупен профит од 219 милиони евра, што е пораст за околу 39 милиони евра.

Остатокот од профитот го добиле средните банки, кои се три на број и профитирале со вкупно околу 18 милиони евра за девет месеци, и над 5 милиони евра кај малите банки, чија бројка е вкупно три, и каде има значајно подобрување ако се има предвид дека во истиот период лани нивната чиста добивка беше само два милиони евра.

Што главно им ги донесе на банките овие убави пари, веќе не треба ни да се прашуваме, тоа се оние фантастични нето приходи од камати, или, да повториме уште еднаш, разликите меѓу каматите кои ние им ги плаќаме на банкарите кога од нив земаме кредит, со каматите кои тие ни ги плаќаат нам кога кај нив ги штедиме своите пари. Се разбира, тука влегуваат и добрите заработки кои банките ги остваруваат кога го кредитираат фирмите, но и кога ја кредитираат државата на која и е потребна тековна ликвидност за финансирање на буџетските потреби. Значи, по основ на нето приходи од камати банките оствариле сочни приливи од 343 милиони евра. Ништо не може да биде толку убав извор на приход во услови кога од една страна имате граѓани, компании и држава на кои им требаат кредити, додека, пак, од другата страна имате прилично слободни средства, а за кои нема баш многу други начини на кои би се инвестирале, отколку да се штедат во банка. И, ако овој прилив се спореди со нето приходите од камати остварени во истиот период лани, зголемувањето е за 43 милиони евра, или отприлика идентично колку што изнесува растот кај чистите добивки.

Воопшто не се лоши нити нето приходите од провизии и надоместоци, а кои изнесувале во првите девет месеци 85 милиони евра, каде исто така има раст за околу шест милиони евра, додека, пак, нето приходите од курсни разлики донеле околу 20 милиони.

А, сосема солидни пари на банките им носат и останатите приходи од дејноста, и тоа сума од 34 милиони евра, што во однос на лани е раст за повеќе од 10 милиони евра. И, ако сакаме да знаеме поконкретно што значат тие пари, би истакнале дека во останатите приходи од дејноста најголемите приливи се должат на наплатени претходно отпишани побарувања, кои изнесувале околу 15 милиони евра, а 11,2 милиони евра стигнале 11 милиони евра.

Е сега, да дојдеме до расходната страна, каде што еден од поголемите трошоци се резервациите за лоши кредити, односно исправките, кои биле на сума од 42 милиони евра, кои, пак, за среќа на банките, оваа година се намалиле за околу седум милиони евра во однос на првите девет месеци од ланската година.

Банките годинава се покажале и малку подарежливи кон своите вработени, иако е прашање дали баш кон сите или повеќе кон менаџерските структури, и во првите три квартали за нив за плати се издвоени 85 и пол милиони евра, што е раст за околу осум милиони евра во однос на истиот период лани.

Ако нешто било лошо за банките, тоа е порастот на останатите приходи од дејноста, кои изнесувале 97 милиони евра, откако лани биле на ниво од 86 милиони евра.

Или, се на се, за чист банкарски профит од 13 банки останале 242 милиони евра.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката