06 Декември, 2025
0.0494

Бизарно: Професии кои повеќе не постојат!

Објавено во: Стил 20 Октомври, 2014 18:05

Добивај вести на Viber

Хаотичната ситуација на маркетот каде повеќето млади се среќни кога ќе успеат да дојдат до било каква работа, нашето секојдневие. А што би рекле вие доколку сега смените професија и се бавите со некоја друга од следните професии кои ќе ги наброиме? За повеќето професии среќа е што повеќе не постојат.

1. Поставувач на кегли – оваа професија ја работеле тинејџери во кугланите каде биле многу ниско платени.

2. Будилници – будилниците, како што се нарекувале одамна биле живи аларми, а работата им била како што кажува самата професија, да ги буди своите клиенти. Тие обично тропале на вратите и прозорите.

3. Сечач на лед – работата била едноставна, кога езерото ќе се заледи, со големи пили сечеле лед на парчиња и ги предавале на доставувачите за лед.

4. Радар пред радарот – благодарејќи на оваа направа војникот можел да слушне кога непријателско летало се приближувало и со тоа што тој ќе ги предупреди своите соборци.

5. Ловец на глувци – имале задача да ловат глувци така што нивниот број би го држеле под контрола и така спречувале разни болести. Работата воопшто не им била лесна, а најмногу поради каснувања што се случувале често.

6.  Фенерџија – пред да се појави струјата, фенерите на улица биле палени рачно, а тоа било работа на фенерџиите.

7. Доставувач на млеко – во времето кога не постоеле фрижидери како денес, свежо ладно млеко било доставувано на луѓето на врата.

8. Оператор во централа – пред современата технологија сите повикувања на телефон биле управувани од оператори во централа.

9. Крадци на лешеви – во 19-от век медицинските факултети немале на располагање тела за изучување на анатомија како што е случајот денес, па така морале да се снаоѓаат. Крадците земале лешеви од гробови.

 10. Фабрички лектор – работата на лекторот во фабрика била да седи цел ден со работниците и да им чита, за да ги забавува.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: