19 Декември, 2025
0.0386

БИЗНИС ИГРИ ЗА ГАСОВОДОТ: Кој ќе ја лапне делницата кон Битола?

Објавено во: Економија 20 Мај, 2016 08:47

Добивај вести на Viber

Четири конзорциуми доставија понуди за изградба на гасоводната делница  од Неготино до Битола. Според инфрмациите на Фактор, до Македонски енергетски ресурси доставени се понуди од ИП Промот -Словенија и Монтер Стројарске- Хрватска, кои ја имаат највисоката доставена понуда од 2,750.940.573 денари. Вториот конзорциум е составен од Рапид Билд од Куманово и Гранит со понуда од 2,435.357.004 денари. Третиот конзорциум е оставен од  Енерго систем, Фабрика Карпош, Бетон Штип, Енерго техна и Гасстројмотаз со понуда од 2,479.724.200 денари. И,четвртиот конзорциум кој достави понуда е составен од Ак Инвест од Тетово, ДМБ Продуцтион –Прилеп, Факом Скопје, Апаве, ЕСС, Југ, Монтинг Енергетика и Стокука со понуда од 2,252.443.000 денари. Сепак, она што е интересно е дека сега градежната компанија Гранит не е во конзорциум со прилепската ДМБ Продуцтион, туку со кумановската Рапид Билд. Ова немаше да биде интересно, ако не се знаеше дека на претходниот тендер за гасоводот Штип-Неготино, Гранит беше во конзорциум со прилепската фирма ДБП Продуцтион. Но, откако како конзорциум беа исфрлени од игра и ДМБ Продуцтион реши да поднесе жалба затоа што сметаше дека неправедно се исфрлени од игра, Гранит го  растури  конзорциумот и посочи дека не стои зад поднесената жалба на партнерот. Со тоа, жалбата беше отфрлена, и во игра остана само конзорциумот предводен од кумановската Рапид Билд, која е и победник на тендерот за Штип-Неготино, и со која сега на најновиот тендер Гранит е во конзорциум. Кумановската Рапид Билд пак, работи и на гасоводната делница во Клечовце, го доби бизнисот со делницата Штип –Неготино, а се очекува да се види во чии раце ќе оди бизнисот со изградбата на останатите гасоводни делници. Имено, уште на почетокот на проектот гасификација, Рапид Билд, ја купи и ФЗЦ 11 Октомври, што се посочуваше како потег за нејзино вклучување во милионскиот бизнис со изградба на гасоводните делници, а беа вклучени и неколку други компании поврзани со Рапид Билд. С.Н

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии