15 Декември, 2025
0.1293

Бизнис инсајдер: „Colgate Total“ пастата за заби е канцерогена!

Објавено во: Мои пари 18 Август, 2014 15:01

Добивај вести на Viber

Бизнис инсајдер објави информација дека „Colgate Total“ пастата за заби ја содржи канцерогената состојка наречена триклосан, цитирјаќи ја неодамнешната сторија на  Bloomberg News, која покрена загриженост за потенцијлно штетните ефекти на хемиските состојќи кои ги содржи истата.

Според овие медиуми, неколку истражувања за ефектите на триклосан направени на глувци и стаорци покажале негативни здравствени ефекти на високи концентрации, вклучувајќи го намалувањето на плодноста и зголемување на ризикот од рак.

Но, тешко е да се каже дека ваквите резултати исто ќе влијаат и врз луѓето, посебно поради тоа што ние сме изложени на триклосан кој го има во различни производи веќе со децении.

И додека  било каква поврзаност со рак ви звучи страшно, важно е да се има на ум дека споредбата со пастата за заби овде е со причина: Тaа помага во борбата против гингивит, честа болест која предизвикува воспаление и крварење на непцата.

Дали придобивките кои триклосан ги обезбедува во „Colgate Total“ пастата за заби ги надминуваат ризиците? Или сепак треба да ја фрлите во ѓубре и да преминете кон користење на 100% слободен триклосан?

Оваа анализа на придобивка-ризик побудува многу прашања, но не можеме со сигурност да ви кажеме да престанете со користење на оваа паста, но она што го знаеме за триклосан е пред нас.

Што претставува триклосан?

Триклосан е антимикробен агенс, што значи дека помага бавно да се запре растот на бактерии, габи и мувла, според Агенцијата за заштита на животната средина. За прв пат почнал да се појавува во производи на  антибактерискиот сапун за раце во 1970-тите.

Оттогаш, триклосанот е употребен во тон производи - „употребен е во производите за широка потрошувачка како што се детергенти, сапуни, препарати за чистење на кожата, дезодоранси, лосиони, креми, пасти за заби, и во течности за миење садови“ според листата на факти на ЦДЦ.

Многу од овие производи се означени сo „антибактериски“ или „можно е да содржи триклосан или поврзани соединенија“.

Кои се ризиците?

Вистината е, дека не ги знаеме целосните ризици кои ги содржи триклосан. „Здравствените човечки ефекти од изложеноста на ниските нивоа на триклосан се непознати...Потребни се повеќе истражувања за да се оценат здравствените ефекти од изложеноста на триклосан“, според Центарот за Контрола и Листата на факти за превенција .

Американската агенција за храна и Лекарската администрација, сепак, никогаш нема издадено сеопфатна одлука за ефикасноста и безбедноста на триклосан - иако првично изјавија дека ќе погледнат во триклосан од 1974 година. Сега велат дека ќе издадат одлука за триклосан во 2016 година.

Но поради загриженоста на потрошувачите поради безбедноста и влијанието врз животната средина, триклосанот е исфрлен од употреба на некои производи како сапуни за раце бидејќи овие производи не обезбедувале здравствени придобивки.

Тестовите кај животните покренаа црвени знамиња. На пример, една студија покажа дека триклосанот предизвикува рак во клетките на глувци. Друга студија покажала дека изложеноста на триклосан за време на феталниот развој предизвика невролошки оштетувања кај некои стаорци.

Но, важно е да се признае дека хемикалиите можат различно да влијаат на животните за разлка од луѓето и животинските тестирањa можaт да вклучат високи дози на хемиии кога е индустријата во прашање. Сепак, овие видови на наодите кај животните значи дека понатамошното тестирање е оправдано пред производот да биде одобрен за луѓето.

Директното влијание на хемиската индустрија на вашето тело не се однесува само како додаток. Во средината на 2000-тата, еколошките групи како „Советот за одбрана на природни ресурси“ почнаа да покренуваат загриженост поради вклучувањето на триклосан во сапуните кое може да придонесе за отпорност кон бактериите и нивното ширење. Бидејќи се миеме со сапуните и се исцедуваат директно во водоводите, групата исто така укажува на тоа дека триклосанот може да ги уништи алгите и живиот свет пронајдени во водата на екосистемите.

Веб-страницата на Агенцијата за заштита на животната средина вели дека триклосан „потенцијално води грижа за водни организми“. Агенцијата планира повторно да се оцени триклосанот, но и понатаму остануваат регистрирани пестициди.

Кои се придобивките?

Според сајтот на „Colgate“: „Критиките на Американската агенција за храна и Лекарската администрација, Американската стоматолошка асоцијација и владини агенции низ светот ја потврдија безбедна употреба на триклосан во пастата за заби и призна дека „Colgate Total“ обезбедува важна здравствена корист“.

Од веб-сајтот исто така велат дека „безбедноста и ефикасноста“ на производот е поддржана од повеќе од 80 научни студии, кои вклучуваат 19.000 луѓе.

Компанијата „Colgate“ стои на ставот дека има корист од додавање триклосан во пастата за заби „Colgate Total“ со што се намалува ризикот и негативниот ефект. „Kлинички е докажано дека пастата за заби „Colgate Total“ ја намалува количината на бактериите и наслагите кои можат да доведат до гингивитис. Ова е важна предност, затоа што го зголемува бројот на истражувања кои потврдуваат дека постои поврзаност меѓу парадонтопатијата и здравствените проблеми како болести на срцето, мозочен удар и дијабетес“, вели портпаролката на компанијата.

- За скоро 18 години колку што е Колгејт присутен на пазарот во САД, нема ниту еден доказ дека пастата влијае негативно на луѓето, вели портпаролот на компанијата Колгејт, Томас ди Пјаца за Блумберг.

Објавеното на повеќе страници, заедно со новото истражување на триклосан, го поставуваат прашањето за тоа дали Агенцијата ја завршила работата кога го одобрила Total пред 17 години”, велат научници пред Bloomberg. Во 2010 година, студент  го поврза триклосан, кој најчесто се користи за намалување на бактериски зараза, со намалувањето на плодноста кај глувците, а истражувањето во 2013 година покажа дека химикалијата го  намалува бројот на сперматозоидите кај стаорците. Друго истражување спроведено во 2003 година, откри дека триклосан  е присутен во урината на 75% од 2 517 Американци, вклучувајќи и деца, кои биле тестирани од Центарот за контрола и превенција на болестите.

Colgate ги отфрла веродостојноста на доказите и резултатите, бидејќи тие се добиени како  последица на експерименти со животни. “Ние направивме систем, во кој ги тестираме овие хемикалии на луѓе. Идејата дека тие се безбедни, ми се допаѓа, но кога истражувањата со животни го покажуваат спротивното, сметам дека преземаме голем ризик“, вели научникот Томас Зојлер.

 Од компанијата исто така изјавуваат дека не планираат да ја  променат формулата на Total.

 

Можеби ќе ве интересира

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија