БИЗНИС КЛИМАТА ПОВОЛНА: Фич го оцени рејтингот на Македонија со ББ+
Објавено во: Економија 20 Февруари, 2016 19:20
ББ+ оценката од кредитната агенција Фич и останува за Македонија по единаесети пат.
Бизнис климата и понатаму осанува поволна според оваа кредитна агенција а се наведува и дека земјава се наоѓа меѓу најдобритеекономии во светот за водење бизнис според ранг листата на Дуинг Бизнис 2016.
Банкарскиот сектор е опишан како добро капитализиран и стабилен. За растот на економијата оваа кредитна агенција предвидува дека ќе изнесува 3,2 проценти од БДП, додека за 2016 и 2017 година проектира 3,6%.
Во извештајот, политичката состојба и исходот од изборите се наведуваат како ризик за понатамошната состојба во оценката на кредитната агенција ФИЧ.
Агенцијата сепак има позитивни погледи во однос на стабилната фискална и монетарна политика и закрепнување на надворешно трговската размена во Македонија.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




