19 Декември, 2025
0.0475

Бизнис климата во Македонија идеална за развој на микро, мали и средни претпријатија

Објавено во: Економија 20 Март, 2018 11:28

Добивај вести на Viber

Микро, малите и средните претпријатија се мотор на економиите во развиените земји. Тие се важна алка во општествата затоа што создаваат можности за вработување и се клучни чинители на добросостојбата на локалните и регионалните заедници. Кои се факторите кои се значајни за нивниот раст и развој во РМ, како и кои се можностите кои им стојат на располагање за подобрување на бизнис климата на микро, малите и средните претпријатија, се прашања кои ги разгледавме со г-ѓа Пенка Мукаетова од Консалтинг Интер Груп. Тие се дел од проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

Консалтинг Интер Груп е дел од Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем (Business Ecosystem Project - BEP), спроведуван од Паладиум Интернешнл. Која е целта на овој проект?

Консалтинг Интер Груп во својство на консултантска компанија со докажани експертиза и способности во областа на стратешко бизнис планирање, финансиски анализи и финансиско инженерство, е дел од овој Проект чија главна цел е трансформирање и унапредување на конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) во Македонија преку зајакнување на бизнис услугите, финансирањето и пазарните врски, со цел поттикнување на значителен раст во продуктивноста и бројот на работни места во ММСП.

Каква е бизнис климата и перспективите за развој на микро, малите и средните претпријатија во РМ?

Моменталната бизнис клима е исклучително поволна за ММСП во Р. Македонија. Проектот на УСАИД е важен инструмент кој им стои на располагање за подобрување на нивната перспектива за развој, од причина што консултантската асистенција која тој ја овозможува, го гарантира успешниот пристап до финансии, а согласно индивидуалните потреби на претпријатијата.

Кои се според Вас решенија кои ќе овозможат процес на развивање стратегии за раст и експанзија кај микро, малите и средните претпријатија во Република Македонија? Кои се клучните фактори кои може да влијаат врз растот на овие претпријатија?

Пред да се започне со размислување за развивање стратегии за раст и експанзија кај ММСП во Р. Македонија, значајно е добро да се познава нивната моменталната состојба. Тука ние како консултанти ја играме клучната улога. Нашата стручност, но и објективност, ни дозволува од вистински агол да ја погледнеме состојбата на претпријатието во прашање, правилно да ги процениме факторите кои ќе мора да се разгледаат при движењето кон експанзија и соодветно на тоа, да се оформи и пристапот и начинот на работа.

Токму пронаоѓањето на решенија кои ќе овозможат развивање стратегии за раст и експанзија кај ММСП во Р. Македонија е еден од главните сегменти на овој Проект. Така, дел од активностите кои се преземаат вклучуваат:

  • Идентификување на нивните финансиските потреби за раст, преку анализирање на нивниот постоен бизнис модел, производство, бизнис процеси итн.;
  • Детерминирање на постојните кредитоспособност и атрактивност за добивање финансирање;
  • Идентификување и планирање на инвестициски потреби;
  • Преземање активности на финансиско инженерство;
  • Поддршка во процесот на презентација на плановите и финансиските потреби пред локални банки и други финансиски институции, кој процес би резултирал со пристап до финансии.

Фактори кои секогаш придонесуваат кон растот на претпријатијата се нивните иновативни решенија, подготвеност за адаптација кон променливите пазарни услови и волјата да се инвестира во напредок.

Во развиените земји микро, малите и средните претпријатија се ’рбетниот столб на економијата. Ако направиме паралела со Македонија, каква е нивната кондиција во однос на македонската економија? Колку овие претпријатија се значајни за економијата?

Овие претпријатија се екстремно важни за нашата економија, бидејќи истата е нераскинливо зависна од нивната успешност. ММСП се процентуално најзастапени во Република Македонија, и оттука произлегува и потребата истите да функционираат добро, самостојно и со тенденција на раст.

Од таа причина, силно ги охрабрувам сопствениците на ваквите претпријатија, да ги искористат поволностите кои ги нуди овој Проект.

Кои извори на финансирање микро, малите и средните претпријатија можат да ги искористат?

Во Р. Македонија постојат бројни извори на финансирање кои ММСП можат и треба да ги искористат за да го развијат обемот и квалитетот на својот бизнис. Тие извори се како традиционални, на пример банки и штедилници, така и алтернативни, на пример факторинг компании и бизнис ангели.

Кој финансиски продукт претпријатијата ќе го искористат зависи пред сè од нивните индивидуални потреби и идеи, а по консултација со нас и по извршената анализа на резултатот кој се претендира да се постигне.

Колку правната и политичка регулатива во РМ создава можности и ограничувања за овој тип на компании?

Правната регулатива и политичката состојба во земјата се секако фактори кои влијаат врз условите за раст и развој на ММСП, а особено врз нивната подготвеност за инвестирање и преземање нови деловни потфати. Меѓутоа, сметам дека токму постоењето и имплементацијата на Проектот на УСАИД се силен доказ дека во моментов можностите се отворени и поволни за овие претпријатија, кои треба да ја искористат шансата за консултантски поткрепен чекор кон посеопфатна пазарна позиција.


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии