18 Декември, 2025
0.0522

БИЗНИС МУАБЕТИ НА ФАКТОР СО ЗЛАТКО МУЦУНСКИ, ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ПОРШЕ МАКЕДОНИЈА: Откри колку пари се вртат во автомобилската индустрија и зошто не влезе Ауди во земјава

Објавено во: Економија 13 Септември, 2024 09:04

Добивај вести на Viber

Бизнис муабети на Faktor.mk со генералниот директор на Порше Македонија, Златко Муцунски. Колку пари врти автомобилскиот бизнис во Македонија? Колку автомобили годишно се продаваат кај нас. Колку чини најскапиот автомобил продаден во Македонија? Како и зошто не дозволивме влез на Ауди во Македонија? Гледајте Бизнис муабети денес на Фактор.

На прашањето кој е најскапиот автомобил во Порше Македонија, Муцунски открива дека тоа е Порше Спајдер 918 кој што го нема во понудата во земјава.

„Го немаме во понудатаз атоа што нема интерес. Се работи за исклучително скап автомобил, со вредност од околу еден милион евра. Тоа што овде може да се пласира и за кое имаме интерес е Порше 913 ГТ3 рс. Тука зборуваме за вредност од 250/300 илјади евра. Имаме граѓани што можат да си дозволат луксуз за автомобил, но за жал такви се премалку“, вели тој.


Муцунски вели дека Порше не е дојден во Македонија во потрага по брз пофит, туку е дојден за да остане. 

„Неодамнешните финансиски резултати кои се јавно објавени од минатата година зборуваат за еден многу голем промет од 92,5 милиони евра, меѓутоа, профитабилноста е под пет проценти. Тоа значи дека не ги огрануваме граѓаните, што значи дека многу убаво ги плаќаме вработените, за да бидт задоволни, затоа што на крајот само задоволни вработени можат да креираат задоволни клиенти“, вели тој за Бизнис муабети на Фактор.


Во разговорот кажа и колку возила се продадени во Словенија, а колку во Македонија. Таму се продадени неверојатни 50 илјади нови возила, а во Македонија 6/8 илјади возила.


На прашањето колку пари врти автомобилската индустрија во светот, Муцунски вели дека во убавите времиња се продавале и 100 милиони возила годишно.

„ Во убавите времиња се продаваа и до 100 милиони возила годишно од кои што Фолксваген произведуваше 10 милиони, Тојота 10 и другите играчи на пазарот помалку. Во моментот е околу 65 до 70 милиони возила годишна продажба. Во пари тоа е од 1,5 трилиони долари отприлика. Ако Македонските пропорции ги ставиме во равенката, ние ке бидеме една капка во океанот.


Иванов ги спомена и златните времиња, кога се најавуваше доаѓањето на Ауди, за што Муцунски истакна дека како млад инженер бил член на тимот што ја работел визибилити студијата за влез на ауди на мк пазар беше драгоцено искуство и разочарување за да се види колку една држава знаеше да оди против себе самата. На многу тенка граница бевме до влезот на Ауди во Македонија.



Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа