14 Мај, 2024
0.0260

БИЗНИС: На една новотворена – една затворена фирма !

Објавено во: Економија 21 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Во Македонија има 71 519 фирми. Лани во однос на 2015 година состојбата со раст на бројот на компаниите е промената во нагорна линија – или пораст за 1 380 компании. Најновите статистички податоци покажуваат дека главниот бизнис е концентиран во метрополата, или во Скопскиот регион работат 26 842 компании, следува Пелагонискиот регион со 8 061, па Пологшкиот регион со 8 032 активни фирми. Во Југозападниот регион има нешто повеќе од 7 300 компании, а најмал е бројот на фирми во Вардарскиот, Источниот и Југоисточниот регион.

“Податоците за структурата на активните деловни субјекти по региони покажуваат дека најголемо учество има Скопскиот регион со 37.5%, а најмало учество има Североисточниот регион со 5.7%“ – соопштуваат од Заводот за статистика.

Интересен е соодносот меѓу новоотворени и затворени фирми. Така, в 2015 година во Македонија биле отворении 6 877 компании.

“Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на новосоздадени претпријатија во Република Македонија во 2015 година изнесува 6 877, додека бројот на згаснатите претпријатија во 2013 година изнесува 8 101, во 2014 година 7 195, а во 2015 година изнесува 6 249. Податоците за структурата на новосоздадените претпријатија по статистички региони покажуваат дека најголемо учество има Скопскиот регион со 30.7%, а најмало учество има Североисточниот регион со 6.0%“ – велат од државниот Завод за статистика.

Во истата анализирана година, бројот на затворени фирми изнесувал 6 249 фирми, или скоро на една новоотворена фирма, имало по една затворена.

“Податоците за структурата на згаснатите претпријатија по статистички региони покажуваат дека најголемо учество има Скопскиот регион со 35.1% во 2013 година, 36.6% во 2014 година, 35.6% во 2015, а најмало учество има Североисточниот регион со 6.8% во 2013 година, 5.9% во 2014 година и 6.2% во 2015 година“ – наведуваат од државната статистика.

Скоро 80% од фирмите во земјава имаат од 1 до 9 вработени а дури кај 11 отсто не е утврден бројот на вработени или се со 0 вработени. Во земјава има 233 големи компании со повече од 250 вработен. 


Можеби ќе ве интересира

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

ДАЛИ ЕВРОПА Е ПРЕМНОГУ ЗАВИСНА ОД ЕДНА КОМПАНИЈА? Еве колкава моќ има таа

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!

СУДБОНОСНА ОДЛУКА НА ВАШИНГТОН: Денеска започнува големиот конфликт меѓу САД и Кина, како ова ќе се одрази на светот?!