18 Декември, 2025
0.0606

Бизнисмени од Канада преку Македонија ќе го шират бизнисот во Европа

Објавено во: Економија 04 Јуни, 2013 12:26

Добивај вести на Viber

Македонскиот амбасадор во Канада, Љубен Тевдовски вчера пред 20-тина бизнисмени ги презентираше можностите за инвестирање во Македонија и поволностите што им се нудат на странските инвеститори.

Искуствата на канадските бизнисмени кои преку Македонија планираат да го прошират својот бизнис во Европа ги пренесува канадскиот весник „The Windsor Star“.

Во статијата е пренесена изјава на бизнисменот Бошко Кацаревиќ, кој планира да ја прошири работата на својата компанија во Европа, почнувајќи од Македонија.

- Веќе имаме клиенти во Канада, Америка, Азија и Англија, а бараме начини да им помогнеме на луѓето да го зголемат своето инвестициско портфолио во Европа. Моите корени се од Србија, затоа сум запознаен со бизнис културата и јазикот во Македонија и дојдов тука за да видам како можам да ја проширам мојата компанија, вели Кацаревиќ.

Ванчо Цировски, сопственик на „Peak Consulting“ потенцира дека сака да инвестира во Македонија во здравствениот сектор.  Веќе има регистрирано фирма и чека вистински момент да почне со работа. Посочи на добар даночен систем и високо образовaна работна сила. Заинтересиран е за инвестирање во здравствениот сектор.

Весникот наведува дека презентацијата е една од сериите организирани од страна на македонската Влада за да се привлечат повеќе канадски инвестиции.

- Еден од главните цели на мојата Влада е да се направат напори за подобрување на нашата економија, вели Тевдовски. – Повеќе од 50 отсто од нашите дипломатски напори се сконцентрирани на зголемување на економската размена и зајакнување на економијата, потенцира Тевдовски.

Тој појаснува дека се забележува пораст во ИТ индустријата и во автомобилската индустрија притоа нагласувајќи дека агро-бизнисот е уште една брзорастечка гранка од економијата.

Можеби ќе ве интересира

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји