19 Декември, 2025
0.0439

Бизнисменот Јанакиевски го продаде својот удел од „златната кокошка“ за медицински отпад

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Поранешниот почесен конзул на Унгарија во Битола, Сашо Јанакиевски, го отстапи својот удел во Ремондис Медисон на истоимениот германскиот партнер од неговата компанија, инаку специјализирана во земјата за третман на медицински отпад.

Битолскиот бизнисмен повеќе нема сопствеништво во специјализираната фирма која поголемиот дел од своите приходи ги добива од договори постигнати преку тендери распишани од државни, претежно здравствени, институции . Последната евиденција е дека Јанакиевски имал свој удел од 40 отсто, пред да му го предаде на германската компанија која сега е целосен сопственик на истоимената фирма во Македонија, порано позната како „Еко клуб“. 

Иако седиштето е во Битола, главната дејност Ремондис Медисон ја остварува во подружницата во близина на „Кванташки пазар“ во Скопје.. На прашањето дали е извршена купопродажба на уделот на Јанакиевски, од компанија ни одговорија дека за тоа е потребно да одговори германската централа.

Приходите на „Ремондис Медисон“ во 2023 изнесуваат околу 1,8 милиони евра, а добивката е околу 200.000 евра. Има активни договори за преземање и третман на медицински отпад со болници, здравствени заводи, институти, домови и други јавни здравствени специјализирани установи низ целата земја. Има и договор со Царинската управа.

Јанакиевски од 2020 повеќе не е почесен Конзул на Унгарија во Битола по одлуката од страна на унгарското МНР откако во јавноста излезе информацијата дека фирмата на бизнисменот несоодветно го третира медицинскиот отпад пред да го депонира на депонијата „Дрисла“. Јанакиевски беше почесен конзул од 2012 година. Беше под истрага дека го носел отпадот во „Дрисла“, без притоа да го обработи и уништи.

Јанакиевски од јули 2019 е малцински сопственик на фирмата која потоа со доаѓањето на странскиот сопственик го промени своето име. За него се пишуваше дека е бизнисмен близок до поранешниот премиер Никола Груевски, но тој тоа го демантираше.

Во моментов директор на „Ремондис Медисон“ е белгискиот државјанин Том Верикен. Мултинационалната компанија „Ремондис“ е со седиште во Линен. Според она што го пишува за себе во земјата е тоа дека ја користи најсовремената методологија за собирање, транспорт и третман на неопасен комунален и опасен – медицински отпад.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии