19 Декември, 2025
0.0558

Бизнисменот Кирил Гогов му ги предаде маркетите на Кит-Го на косовската Вива Фреш

Објавено во: Економија 31 Мај, 2023 07:45

Добивај вести на Viber

Штипскиот бизнисмен Кирил Гогов од вчера повеќе не е сопственик на ланецот маркети Кит-Го, откако официјално заврши превземањето од страна на косовската компанија Вива Фреш. Тоа е објавено и во Централен регистар по поднесена пријава.

Управувањето на местото на Гогов го превзема Кораб Хоџа од Приштина, а засега нема преименување на називот на компанијата. Вива Фреш е косовска компанија која се занимава со малопродажба во Косово и регионот, а најголема инвестиција во Македонија му е превземањето токму на Кит-Го кое траеше повеќе од една година. 

Кит-Го редовно е меѓу првите ланци маркети со најголеми приходи во Македонија и во изминатите години редовно бележи обрт од околу 60 милиони евра. Од она што е познато со Гoгов е дека својот интерес сега го насочува кон производството на електрична енергија од обновливи извори.

Косовската компанија Вива Фреш договорот за купување на ланецот маркети Кит-Го го постигна оваа година, откако речиси по една година Комисијата за заштита на конкуренција даде дозвола да се овозможи превземањето. 

Неофицијално, Вива Фреш за сите маркети на Кит - го ќе искешира над 50 милиони евра. Косовската компанија веќе поседува еден хипермаркет во скопско Топанско Поле. На светскиот пазар во 2021година Вива Фреш има остварено вкупни приходи во износ од 223.737.171 евра, од кои во Македонија се 6.896.598 евра. 

КИТ-ГО Штип во Македонија има 58 маркети од кои 5 се лоцирани во Скопје. Со превземањето, Вива Фреш на пазарот со малопродажба ќе има концентрација од 13,22 отсто, според Комисијата за заштита од конкуренција.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии