06 Декември, 2025
0.0454

БИЗНИСМЕНОТ КОЈ ГО ИЗГРАДИ БУРЏ КАЛИФА САКА ДА ИНВЕСТИРА ВО УЛЦИЊСКАТА РИВИЕРА: Ќе „никне“ ли нов Дубаи на југот на Црна Гора?

Објавено во: Балкан 02 Мај, 2025 13:26

Добивај вести на Viber

Сончевите априлски денови на плажата “Велика Плажа“ во Улцињ и предсезонскиот мир без гужви не укажуваат дека ова конкретно место ја разбранува целата политичка сцена во Црна Гора, пишува денеска BBC.

Доколку намерата на владата се оствари, на оваа долга песочна плажа на југот од Јадранското Море, популарна кај туристите, со арапски капитал, би можела да се изгради луксузен комплекс и марина за јахти, нешто на што локалните жители, екологистите, активистите и некои опозициски партии се спротивставуваат со недели.

„Најавената инвестиција би имала лошо влијание врз нас, љубителите на кајтерството, бидејќи изградбата на овие неверојатни марини и високи згради би го променила лицето на Велика Плажа и морето“, вели инструкторот по кајтсурф Немања Шкобиќ, кој неодамна се вратил од Виетнам.

Владата на Црна Гора, предводена од Милојко Спајиќ, лидер на движењето „Европа сега“ (ПЕС), планира заеднички инвестиции со компании од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) што, како што велат, би донеле „забрзан економски раст и повисоки стандарди за граѓаните“.

Мухамед Алабар, претседател на компанијата „Игл Хилс“, е подготвен да инвестира во Улцињската ривиера, која даде највисока понуда на тендерот на почетокот на март за четиригодишен закуп на половина од државните плажи во Улцињ.

Бизнисменот чија компанија го изгради облакодерот Бурџ Калифа во Дубаи е познат на Балканот како инвеститор во изградбата на големата луксузна населба „Белград на вода“, како и други слични проекти во Хрватска и Албанија.

Во земја која е кандидат за членство во Европската Унија и во својот устав се обврзала да биде еколошки прифатлива, активистите стравуваат дека инвестицијата би го загрозила не само локалниот туризам во дрвени колиби покрај реката Бојана и покрај Велика Плажа, туку и природното живеалиште на птиците што живеат тука.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените

Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција