БЛИЗОК ПРИЈАТЕЛ НА ШУМАХЕР СО ДЕТАЛИ ЗА НЕГОВАТА СОСТОЈБА: Тој е опкружен со саканите
Објавено во: Спорт 04 Септември, 2022
Од неговата несреќа, Михаел Шумахер, освен семејството, не го посетиле голем број луѓе. Еден од ретките што смеат да го видат е неговиот пријател Жан Тод, кој за германските медиуми откри нови детали за состојбата на легендата на Формула 1.
Во 2013 година, Шумахер доживеа тешка несреќа додека скијаше. Тој поминал девет месеци во болница, по што бил пуштен на домашно лекување. Оттогаш семејството во најстрога тајност ги чува информациите за неговата состојба, а само повремено излегува нешто ново во јавноста.
Легендарниот Формула 1 возач ја добива најдобрата нега дома, откри неговиот пријател поранешен директор на Ферари, Жан Тод, но тој се уште е во тешка состојба.
- Среќен сум што навивачите, не само во Германија, мислат толку за него. Луѓето прашуваат многу за Мајкл. Навивачите треба да знаат дека тој е во најдобри раце. Во најдобрата ситуација може да биде и опкружен со луѓе кои го сакаат – изјави Тод.
Сега тој го посетува својот пријател двапати месечно и, како што откри, со него ја гледа Формула 1, во која сега се натпреварува синот на Шумахер, Мик.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.