15 Декември, 2025
0.0283

Близу и формално правно се присоединува кон оне.Вип

Објавено во: Мои пари 28 Април, 2016 13:52

Добивај вести на Viber

БЛИЗУ ДООЕЛ Скопје станува и официјално дел од оне.ВипДОО Скопје, односно согласно законската регулатива спроведена е постапка за присоединување на компанијата Близу МедиаендБроудбенд ДООЕЛ Скопје (Близу ДООЕЛ Скопје) кон компанијата оне.Вип ДОО која се очекува да биде завршена на 3 мај 2016 година.

Со оваа постапка на присoединување, оне.Вип во целост го презема исполнувањето на сите досегашни права и обврски кон постојните корисници на услуги и добавувачи на производи и услуги на Близу ДООЕЛ Скопје, ќе настапува како оператор за обезбедување комуникациски услуги и ќе ги издава и доставува сите месечни сметки за користените услуги, кои се издадени по датумот на присоединување.

Корисниците на Близу и понатаму ќе продолжат да ги користат комуникациските услуги под истите услови како и досега и со истите цени согласно претплатничкиот договор и избраниот тарифен модел, преку истата мрежа и друга веќе доделена комуникациска опрема. Воспоставениот претплатнички однос ќе продолжи да се применува помеѓу корисниците и оне.Вип ДОО Скопје, кој од сега па натаму ќе настапува како оператор кој ќе ги обезбедува комуникациските услуги за корисниците на Близу и ќе ги издава и доставува месечните сметки за користените услуги.

Со присоединувањето на Близу кон оне.Вип, се официјализира конвергентната стратегија на оне.Вип, што ќе донесе понатамошно збогатување на понудата, унапредување на квалитетот и развој на иновативни услуги базирани на најнапредни технологии со уште повеќе придобивки за корисниците.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

Заедно за подобро здравје, кредит со 0% камата!

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ

СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ