Близу Саранда уништени се 20.000 садници мархуана
Објавено во: Балкан 17 Мај, 2016
Во албанскиот град Саранда близу селото Кардоќ уништени се околу 20.000 садници мархуана.
Местото каде што се развивал расадот и парцелата со веќе засадената марихуана се во планински предел, а полицијата води истрага за да ги пронајде лицата кои го одгледувале канабисот.
Од тамошната полиција информираат дека 15.000 садници биле како расад, а 5.000 биле засадени и достигнувале висина до 30 сантиметри. По лоцирањето на местото полицијата изврши уништување со палење.
Претходно, полицијата од Ѓирокастро во јужнот дел на Албанија, уништи 6.000 садници марихуана. Тогаш беше уапсено едно лице, жител на селото Бечиште кај Тепелена.