05 Декември, 2025
0.0495

Блумберговата листа на најбогати жени на светот

Објавено во: Стил 22 Мај, 2013 19:31

Добивај вести на Viber

Само 11 жени се најдоа на листата сто најбогати луѓе на светот која ја прави Блумберг. Најбогата жена на светот е Кристи Волтон, која се најде на деветто место. Богатството на вдовицата на Џон Волтон, во чија сопственост се 12 отсто од акциите на компанијата, се проценува на 37,7 милијарди долари.

Втора најбогата жена на светот е Алис Волтон, роднина на Крис Волтон со богатство од 34,6 милијарди долари и е 12-та на листата. Трета најбогата жена на светот и единствена Французинка е 90-годишната Лилијан Бетанкур, наследничка на козметичката куќа „Лореал“, со богатство од 30 милијарди долари.

Четврта најбогата жена е 68-годишната Американката Жаклина Марс која ја води втората најголема компанија за производство на торти „Марс Инк.“, и има богатство од 21,9 милијарди долари.

На петто место е вдовицата Ирис Фонтбон која потекнува од Чиле и има 19,9 милијарди долари во наследените рудници за бакар.

Престижната листа ја дополнуваат Џорџина Рајт со 17 милијарди долари, Германката Сузан Клатен со 14,3 милијарди долари и солидно учество во компанијата БМВ и Миучија Прада, внуката на основачот на модната куќа „Прада“ која тежи над 12 милијарди долари.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: