05 Декември, 2025
0.3761

Богати, млади и разгалени: Maserati се паркира среде улица

Објавено во: Стил 18 Август, 2013 18:15

Добивај вести на Viber

Млада и богата девојка од Кина ги разгневи соседите во градот Чонгкинг откако го паркираше своето „Maserati Gran Turismo“ на средината на улицата. Приказната се рашири во јавноста откако една вознемирена и налутена секретарка во канцеларијата до улицата се јавила во локалниот медиум и ги известила за случајот. Кога репортерот стигнал на местото, открил дека сообраќајниот полицаец пишувал казна, по што се појавила младата жена која го прашала полицаецот дали има некаков проблем. Полицаецот морал да и објасни дека паркирањето во средината на улицата е забрането. Тогаш 22-годишната жена изјавила дека е паркирана таму, бидејќи паркингот на компанијата каде што волонтирала бил преполн. Таа се правдала дека видела и други автомобили кои како неа се паркирале на средината на улицата, но не можела да објасни зошто во моментов ги нема и каде се. Полицаецот ја напишал казната, а кога и укажале дека несовесно нејзиното паркирање ги налутило локалните луѓе, таа изјавила дека тие само нејзиниот и завидуваат поради автомобилот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: