Богатите Кинези бегаат од Кина
Објавено во: Стил
07 Мај, 2013 20:15
Добивај вести на Viber
Најбогатите луѓе од Кина се повеќе инвестираат во странство, во обид да го зачуваат своето богатство во услови на брзи промени во економијата на земјата. Дури 10 отсто од богатите Кинезе очекуваат дека нивните деца ќе живеат во странство, пренесува АП.
Во студијата направена од Чајна Мерчент Банк и консултантската фирма „Bain & Co“. за богатството во Кина се укажува на несигурност во иднината на економијата чиј раст забави во споредба со претходната деценија кога имаше двоцифрени стапки на раст.
Пекинг сега се обидува да постигне побавен, но одржлив раст врз основа на домашната потрошувачка и услужниот сектор, при што се намалува извозот и инвестициите кои доведоа до богатство на цела генерација кинески приватни претприемачи.
Студијата истакнува дека анкетираните богаташи го зголемуваат инвестирањето во недвижен имот и други средства во Соединетите Американски Држави, Канада, Хонг Конг и Сингапур, за како што велат, да го распределат и зачуваат своето огромно богатство.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: