10 Мај, 2024
0.0250

Богатството на Ејми Вајнхаус од 10 милиони се сведе на 180.000

Објавено во: Стил 06 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Од некогашните 10 милиони фунти, колку што изнесуваше богатството на покојната британска пејачка Ејми Вајнхаус во времето на врвот на нејзината слава, денес се останати само 180.000 фунти.

Во најголем дел парите се потрошени за покривање на долговите на Ејми.

Нејзиниот татко Мич Вајнхаус вели дека тој и неговата сопруга морале да земат кредит за да ги покријат трошоците што ги направила Ејми за дрога, шопинг, хуманитарни донации и подароци за пријателите. Дел од трошоците се очекува да бидат покриени и од заработката од албумите продаден по смртта на пејачката.

- Ејми се однесуваше како дете. Ги расфрлаше парите. Нејзиниот татко знаеше дека таа потроши поголем дел од заработените пари, изјави семејниот пријател Алекс Фоден.

Сепак, ваквата незавидна финансиска состојба не ги спречи родителите на Ејми да донираат средства во хуманитарни цели. Тие дури основаа и фондација за помош на младите зависници од дрога.