19 Мај, 2024
0.0270

Богатството на кинеските лидери завршува на Девствените острови и на островот Самоа

Објавено во: Свет 23 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Блиските соработници на најмоќните кинески лидери, вклучувајќи го претседателот Си Џинпинг и поранешниот премиер Вен Џабаоа, дел од своето богатство го кријат во даночните раеви. Според документите до кои дошла групата Независен конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ), чие што седиште е во Вашингтон, речиси 22.000 клиенти со потекло од Кина или од Хонгконг, се поврзано со офшор компании во т.н. даночни раеви. Меѓу нив се милионери од светот на бизнисот, меѓу кои се и најбогатата жена од Кина, Јанг Хуиџан, или Пони Ма и Џанг Џидонг, основачи на гигантската интернет компанија Тенцет. Но, меѓу 2,5-те милиони тајни документи кои оваа група ги нашла, исто така е и своевидната „кој е кој“ политичка елита во Кина, иако имотот на раководителите е табу тема, бидејќи највисоките функционери на комунистичкиот режим наводно, треба да му служат на нардото без личен интерес, наведува агенцијата АП. Меѓу имињата се наоѓаат членови на Народното собрание, како и блиски соработници на поранешниот претседател Ху Џинтаоа, екс премиерот Ли Пенга и Денг Сјаопинг, кој од крајот на 1970-те го надгледуваше отворањето на кинеската економија. Исто така се наведуваат имињата на луѓе блиски до Си Џингпинг, сегашниот шеф на државата и партијата, и Вен Џабаоу, премиерот од 2003. до 2013, кого во 2012. новинарите веќе го повикуваа поради наводното огромно богатство на членовите на неговото семејство. Богатиот магнат за недвижнини Дан Џијагвеј, кој се ожени во 2006 година со поголемата сестра на Си Џинпин, поседува 50 отсто од фирма, регистираа на британските Девствени Острови. Синот на Вен Џијабао, Ван Јонсун, пак во 2006 година создал во истиот даночен рај фирма, во која тој е единствен раководител и акционер. Иако таквите компании можеби не се потполно илегални, тие често претставуваат судир на интереси и користење на врските во владата, изјави Минсин Пеи, професор од колеџот Клермон Макена. Според информациите на новининарската организација, 90 отсто од клиентите од континетална Кина формирале офшор компании на британските Девствени Острови често пати со помош на западни фирми, меѓу кои се швајцарските Ју-Би-Ес и Креди Свис, но и со помош на гигантот за консултантски услуги Прајсвотерхаус Куперс (PricewaterhousCoopers). Седум отсто од кинеските клиенти отвориле фирми на островот Самоа, а три отсто на други локации, кои претставуваат даночен рај.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто