06 Декември, 2025
0.1061

БОГАТСТВОТО СЕ ТОПИ: Колку милијарди загубија Бенетон по уривањето на мостот во Џенова?

Објавено во: Стил 21 Август, 2018 13:15

Добивај вести на Viber

Трагедијата во Џенова по уривањето на мостот предизвика пад на нето богатството за 2 милијарди долари на една од најбогатите фамилии во Италија .

Семејството милијардери Бенетон контролира 30,25% од Atlantia - градежната компанија која управувала со мостот Моранди, кој се урна минатиот вторник кога настрадаа 43 лица. 

Портпаролот на семејството Бенетон одбил да даде коментар за оваа тема.


Акциите на градежната компанија која е со седиште во Рим паднаа 26% до 4-годишно дно по трагедијата, додека владата се подготвува да започне постапка за престанок на концесијата на компанијата. 

Семејството им предложило помош на жртвите на катастрофата и поддршка за обновување на услугата за транзитни врски.

Ова семејство е позанто и по водечкиот моден бренд на фамилијата кој почнува од една продавница за трикотажа, основан од браќата Лучијано, Гилберто.

Заедно со Atlantia семејството контролира акции во вредност од 9,3 милијарди долари во кои јавно тргувани компании, вклучувајќи 3% во Assicurazioni Generali и 29,9% во шпанската Cellnex Telecom. Покрај тоа, семејството поседува земјоделско земјиште во Аргентина и рагби тимот Тревизо.

Широкото портфолио му помогна на семејството да ги генерира едно од најголемите лични богатства во Италија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: