Богојески: Време е битолчани да престанат да ги следат корумпираните политичари и да поддржат граѓански пратеници
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 28 Јуни, 2020
Решавање на проблемите во Битола, отфрлање на корумпираните политичари, следење на имотната состојба на политичарите и поддршка на кандидатите на Македонски концепт кои со Законот за лустрација и потекло на имот, ќе придонесат за враќање на градот на битолчани, предизборниот карван на Македонски концепт им порача на граѓаните на Битола. Денеска караванот е во посета на градовите од петтата изборна единица, после Битола ќе бидат остварени средби до граѓаните на Охрид, Струга и Кичево.
„Крајно време е да се направи нешто за да се смени состојбата во градот, а првиот чекор е со поддршка и заокружување на бројот 10 на избирачкото ливче. Време е Битола и целиот југозападен регион да ја напуштат праксата на следење лажни патриоти и бандити во политиката и конечно да поддржат граѓански листи составени од граѓани кои носат вистински решенија за проблемите. Верувам дека граѓаните на Битола ќе бидат посебно среќни и задоволни доколку ние со наши пратеници во Парламентот го наметнеме законот за финансиска лустрација и потекло на имот на политичарите. Овој закон е предвиден за сите политичари, почнувајќи од мене и останатите политичари од Битола, кои како што се покажа досега се надалеку и нашироко познати по своето криминално поведение за што Битола е доведена во ваква ситуација”, изјави Петар Богојески, Промотор на Македонски концепт, во Битола.
При посетата на Битола на карванот на Македонски концепт, средби со граѓаните остарија покрај промоторот, Петар Богојески, уште и носителот на ИЕ 5 Стево Насковски како и кандидатите за пратеници. Насковски им порача на своите сограѓани дека поддршката за Македонски концепт е поддршка за Битола на граѓаните, за политичари со вредности и принципи кои ќе се борат за закони што се суштински за создавање нормална држава и град без корумпирани политичари и лажни патриоти.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.