26 Ноември, 2024
0.0305

БОЛЕДУВАЊАТА НА БОЛНИТЕ ОД КОВИД ГИ СКАРА ССМ И ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ - зошто од 100 отсто тие се снижија на помал процент

Објавено во: Економија 19 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Боледувањата за вработените кои се болни од ковид или се во самоизолација, ги скара Синдикатот со некои граѓански здруженија кои се залагаат за заштита на работничките права.
Сојузот на синдикатите на Македонија вели дека поради невладини организации, како Што се Гласен текстилец и Хелсиншки комитет се кратата работничките права и се губи правото на 100 отсто боледување поради ковид 19 во јавниот сектор.
„Нема да дозволиме во иднина да продолжат да ги манипулираат работниците Кристина Ампева од Гласен Текстилец и Игор Јадровски од Хелсиншки комитет кои без никаква борба ги предадоа работничките права предлагајќи и прифаќајки понеповолно право за работниците за исплата на боледување поради Ковид 19, кое по нивно укажување за жал е прифатено од МТСП во името на некаква дискриминација и покрај објаснувањето од страна на ССМ дека треба да се земе поповолното право за плаќање на 100 отсто боледување поради Ковид 19 како што сакаше да го исплаќа Владата согласно првиот заклучок. Штетата која ја прават овие Невладини организации кои глумат заштитници на работнички права има големи последици спрема македонскиот работник, а истите наместо да го поддржат решението кое го дава ССМ до МТСП за боледувањето од Ковид 19 да биде платено 100 отсто, тие во името на некаква дискриминација предложија боледувањето од Ковид 19 да биде платено според Закон и Колективен договор, а тоа значи наместо 100 отсто боледување,  а тоа е до 7 дена да се покриени со 70 отсто од плата, до 15 дена 80 отсто, над 15 дена 90 отсто, со тоа што во првите 30 дена работодавачот е тој што ги обезбедува средствата за боледувањето, а после еден месец паѓаат на товар на Фондот за здравство. ССМ веднаш реагираше и упати писма до Владата на РСМ и до МТСП“, велат од Синдикатот. 
Според нив, во овие сложени здравствени услови последица на енормниот број на заболени од вирусот Корон , ССМ иницираше да се преземат активности за целосна реализација на правото на надомест на плата во висина од 100 отсто од законската основица за работниците заболени или во изолација поради изложеност на вирусот .
„Во текот на преговорите изразивме задоволство затоа што наидовме на разбирање и конструктивен дијалог со Владата, односно добивме цврсто уверување дека ова наше барање ќе биде целосно уважено затоа што здравјето на работниците и граѓаните е приоритет на државата. Согласно договореното Владата на својата седница одржана на 3.11.2020 донесе заклучок за исплата на 100 отсто боледување за вработените болни или во изолација од вирусот Корона и истиот ни беше доставен во ССМ. Изненадени сме што на седницата на Владата одржана на 17.11.2020 година е дадено известување дека боледувањата за вработените болни или изложени на вирусот ќе се исплатуваат согласно закон и колективен договор, што според сегашните одредби значи намален износ на плата за време на боледување“, велат од најголемиот синдикт. 
ССМ бара надлежните институции во Државата да дадат конкретно и детално известување за висината на надоместокот за боледување што ќе им се исплатува на вработените болни или во изолација поради изложеност на вирусот, за да нема различни толкувања и примена на правото. 
„Апелираме да се прифати барањето на ССМ за исплата на надомест на плата во висина од 100 отсто за сите вработени кои се болни или во изолација поради изложеност на вирусот Ковид , во интерес на заштита на здравјето и животот на работниците и намалување и спречување на ширење на вирусо. Целта ни е на работниците да им се обезбедат финансиски средства и можности за да го зачуваат своето и здравјето на своите семејства и да можат по опоравувањето да се вратат на работа на своите работни места. Оваа заразна болест уште еднаш го потврди ставот кој ССМ го подржува во целост дека работниците и граѓаните се најважниот ресурс во државата, неопходен за функционирање на економските и општествените процеси . Затоа инсистираме на тоа Владата да го прифати нашето барање во целост и да покаже солидарност и целосно разбирање за сложените и сериозни предизвици на кои сме изложени сите и кои треба сите граѓани да ги поднесат подеднакво и без дискриминација“, децидни се од ССМ. 
Вчера доцна вечерта со реакција се јавија и од Гласен текстилец, велат бараат ист третман на вработените во приватниот сектор со тие од јавниот. Бараат уше еден состанок со ССМ, за да се испеглаат недоразбирањата.
Би сакале да разјасниме во врска некакви обвинувања кон “Гласен Текстилец”. Сведоци сте дека се трудиме да направиме промени во приватниот сектор, зборуваме и реагираме за злоупотреби и прекршувања на права на вработените во приватниот сектор, особено на оние од индустријата за текстил, кожа и обувки.

Потенцираме дека како здружение најважна ни е солидарноста и затоа бараме вработените од јавниот и приватниот сектор да бидат еднакво третирани, согласно ратификуваните конвенции и Уставот како највисок орган. Од почетокот на оваа криза предизвикана од пандемијата Ковид – 19, здружението Гласен Текстилец дава апели, препораки, ја следи состојбата на терен, дава бесплатна правна помош и прави анализи кои ги приложува до Владата, надлежните министерства и соодветните институции од областа на заштитата на човековире и работничките права“, велат од Гласен текстилец.

Додаваат дека тоа здружение и Кристина Ампева како лице-застапник во него, има редовни состаноци со Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат на трудот, Инспекцискиот совет, Сојузот на синдикати на Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Тие состаноци се со цел укажување на нерегуларности на одредени работодавачи, ситуации од терен, толкување на заклучоци, препораки, мерки и уредби кои беа донесени за време на оваа пандемија која ја зафати нашата земја.

„Вчера, на еден од тие состаноци кои редовно се одржуваат, од причина непозната за нас, имавме недоразбирање со Сојузот на синдикати на Македонија. Очигледно, недоразбирањето било поради нивната претпоставка дека ние како здружение сме против донесениот заклучок за исплата на боледување и самоизолација во висина од 100 отсто од плата за јавниот сектор. Нашите заложби беа (и сеуште се) единствено во насока вработените од приватен сектор да ги уживаат истите права како и вработените од јавниот сектор - и затоа сме против донесување само на "препорака" за исплата на боледување и самоизолација во висина од 100 отсто во приватниот сектор (наша заложба е дека тоа треба да биде во вид на заклучок или измена на легислативата).

Затоа укажавме дека е потребно да се донесе заедничка одлука за јавен сектор и приватен сектор без оглед на тоа дали ќе се толкува Закон, уредба или заклучок или тоа ќе биде направено преку измена на општиот колективен договор.

Поради сите овие очигледни недоразбирања со Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), доцна вечерва имавме разговори и со Милан Живковиќ, специјален советник на Премиерот за трудова и социјална политика, кој не' увери дека солидарноста е приоритет на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика. Затоа во наредниот период ќе се работи на заедничко решение кое ќе биде согласно заложбите на Владата и концептот "Едно општество за сите".

Во овој период, во една ваква кризна состојба, за време на социо-економска и здравствена криза, потребна е солидарност и заедништво, потребен е социјален дијалог меѓу сите страни од кои мора да се извлечат поуки и конструктивни решенија во кои ќе нема поделби, туку социјална правда, согласно Уставот и заложбите на нашата Влада.

И затоа ги повикуваме колегите од ССМ повторно да седнеме и заеднички да ги решиме недоразбирањата што настанаа на претходниот состанок“, пишуваат од Гласен текстилец.
Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу