20 Декември, 2025
0.0420

БОЛИ ГЛАВА: Новиот функционер Богојески има криптовалути од над милион евра

Објавено во: Економија 16 Мај, 2025 13:44

Добивај вести на Viber

Слично како директорот на Управата за извршување на санкции Александар Пандов, и Петар Богојевски како новоназначен функционер пријави висока вредност на влог во криптовалути во поднесениот анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупција.

Новоименуваниот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Скопје има купено 11 Биткоини за кои тој смета дека сега вредат 59.734.070 денари (околу милион евра), а во Србија има купено 129 Етериуми од 125.000 евра. Претходно Пандов во имотниот лист доставен до ДКСК пријави дека има 10 биткоини, а во време на пријавувањето ги проценил на 600.000 евра односно 60 илјади евра (63,7 илјади долари) по парче.

Богојевски пријавил недвижнина во Карпош купена во 2012 а со сегашна проценета вредност од 278.000 евра. Пишува дека е дел од зграда со намена стан со гаража. Оваа година во Ракотинци купил земјоделско земјиште од околу 26.000 евра.

Лани купил ново SUV возило Фортинг T5EBO во вредност од 30.000 евра. Неговиот удел од 61 отсто во ДТУ Бегова Корија ДОО Скопје, фирма која го поседува одморалиштето „Шула Мина“, го вреднува на 550.000 евра. Богојески има влог од 5.000 евра во ВФП Фонд Менаџмент. Неговите деца имаат акции во, како што е објавено во анкетниот лист, банка во основање во САД, но не се споменуваат суми.

Во странство, од 2020 има влог од 50.000 евра во американски валутен фонд, а има и животно осигурување од 15.000 евра. Вредни осигурителни полиси во странство имаат и неговата сопруга и деца.

Има две дивизни сметки (во евра и долари) и два персонални сефа во банка (еден во денари и еден во евра). Девизна сметка има и во банка во Бугарија. Има девизна готовина (наследена и купена) во вредност од 120.000 евра.

Лично поседува златен накит од повеќе од 40.000 евра и икони со благородни метали проценети на 20.000 евра.

Платата на Богојески во агенцијата каде што е директор е 87.000 денари.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба