Боливискиот претседател ги национализира аеродромите
Објавено во: Свет 19 Февруари, 2013 12:21
Боливискиот претседател Ево Моралес го национализираше шпанскиот конгломерат кој води три главни боливиски аеродроми, и тоа е трета шпанска компанија која боливиската Влада ја национализираше во последните десет месеци.
Компанијата „Сабса“ управува со аеородромите во Ла Паз, Санта Круз и Кочабамба. Тоа е конголмерат на две компании - „Абертис Инфраструктурас СА“ од Барселона и шпанската агенција за аеродроми „Аена“Тоа наиде на гневен одговор на шпанското Министерство за надворешни работи кое соопшти дека е „многу разочарано“ поради тоа што немало предупредувања и „особено поради полициската окупација на канцеларијата“.
Министерството наведе дека ќе „ги разгледа целокупните односи со Боливија по овој „непријателски чин и други слични мерки“ кои левичарската Влада на Моралес неодамна ги презеде против шпанските компании.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




