19 Мај, 2024
0.0255

Бомбардирано училиште - повредени голем број деца

Објавено во: Свет 03 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Повеќе од стотина луѓе, меѓу кои има многу деца, загинаа или се повредени во понеделникот при бомбардирање на исламско училиште на североистокот на Авганистан, велат безбедносни извори.

Нападот се случи при доделувањето дипломи на крајот на школската година. Подрачјето во кое се наоѓа училиштето главно е под контрола на Талибанците.

Еден ден по тој напад на авганистанското воено воздухопловство, два неименувани безбедносни извори изјавија во вторникот дека има „59 мртви, повеќето осумгодишни деца, и 17 Талибанци“, и дека „57 лица се повредени“.

Портпаролот на Министерството за здравство во Кабул во вторникот наутро потврди дека во „регионалната болница во Кундуза се примени 57 цивили, меѓу кои има и деца и старци, како и петмина мртви“.

Друг безбедносен извор кажа дека Талибанците обично своите жртви не ги носат во јавни болници, а таа во Кундуза е неколку десетици километри оддалечена од местото на нападот во округот Дашта Арчи, пренесува Хина.

Портпаролот на војската во Кундуза вели дека во понеделникот загинале 20 Талибанци и дека исто толку се повредени, но не спомена цивилни жртви.

Војската и безбедносните служби ги обвинуваат бунтовниците дека планирале состанок на своето водство во ова верско училиште.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто