Борат доби отказ, не го сакаат како Фреди Меркјури
Објавено во: Стил
12 Октомври, 2013 11:48
Добивај вести на Viber
Отказ доби познатиот британскиот актер Саша Барон Коен, познат по улигите на Али, Борат и Бруно. Иако беше фаворит, сепак нема да го глуми ликот на Фреди Меркјури во новиот филм посветен на музичката легенда и бендот „Квин“.
Според еден од членовите на бендот , Брајан Меј причината за ова е големата популарност на актерот.
„Препознатлив е и тоа би им го одвлекувало вниманието на луѓето кои го гледаат во улогата на Фреди Меркјури“,изјави Меј за „Дејли мирор“.
Конечната одлука кој ќе го глуми Фреди во филмот ќе се донесе наскоро, вели Меј.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: