28 Јуни, 2024
0.0258

БОРБА ЗА ПОВЕЌЕ ПАРИ: Македонци во Хрватска работат и по две работи

Објавено во: Економија 18 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

За да заработат повеќе пари, дел од Македонците кои заминуваат на работа во Хрватска, успеваат да најдат и втор ангажман и да работат и во попладневните часови доколку психо-физички се спремни.

Има жени кои чистат апартмани, вили, работат во хотели. Доколку заминале преку агенција и имаат обезбедена работа од 7 или 8 часа шест дена во неделата, ако се упорни можат да најдат уште 3 часа дополнителна работа во денот. Престојот во Хрватска го користат за да заработат поголема сума на пари со што ќе си го олеснат животот кога ќе се вратат дома.

„Луѓето кога ќе заминат мораат да имаат заснован работен однос, а доколку најдат дополнителна работа, тоа обично е чистење попладне во апартмани, мали хотели каде им треба работна рака, средување на тревници, работа во перална, помагање околу средување на храната во кујна, работа во ресторани за брза храна, во продавници или продавање сладолед. Но, тоа е работа која е полесна и е помалку платена. Во угостителството има работници кои работат по цел ден или ако се работи за градежник, тој не може да работи втора работа. Ако градежник на пример зема 1.500 евра плата, другите кои имаат полесна работа ќе заработат околу 1.000 евра. Може да се работат две работи, но тоа е лесно за луѓето кои претходно работеле и имаат стекнато работни навики“, вели Љупчо Георгиев од фирмата „Изгрев инженеринг“ од Велес.

И за летото 2023 година има многу огласи на интернет за работа во Хрватска. Агенции и посредници бараат собарки, келнери, шанкери, готвачи, ѕидари, плочкари, молери, фасадери, армирачи и друго.

Тетовец која има угостителски објект во Пореч вели дека дел од Македонците работат по две работи кога ќе заминат во Хрватска.

„Има такви случаи. По две работи работат и мажи и жени и тоа си зависи од личноста, која колку сака и може да работи“, додава тетовецот.

Освен што се бараат работници за во приморските градови, има и огласи за такси возачи во Загреб.  Хрватска секоја година има потреба од илјадници работници, кои ги обезбедува од другите балкански земји. За работниците обезбедуваат храна и сместување. Имаше проценки дека земјата ќе има потреба од 100.000 сезонски работници.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/stockking

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии

МИЦКОСКИ: Утре на Влада ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии

Министерката Божиновска задоволна од незначителната промена на цената на струјата, најавува ревизија на работењето на АД ЕСМ

Министерката Божиновска задоволна од незначителната промена на цената на струјата, најавува ревизија на работењето на АД ЕСМ

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Малата политичка неизвесност ги разбуди европските берзи

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Малата политичка неизвесност ги разбуди европските берзи

ДВЕ СЕДМИЦИ ЦЕНАТА ПАЃАШЕ: Што се случува сега со цената на златото?

ДВЕ СЕДМИЦИ ЦЕНАТА ПАЃАШЕ: Што се случува сега со цената на златото?

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Ребалансот се подготвува, предизвикот е голем, но ќе се справиме, пари за плати, пензии и се она што е преземено со закон ќе има

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Ребалансот се подготвува, предизвикот е голем, но ќе се справиме, пари за плати, пензии и се она што е преземено со закон ќе има

Донесена одлука: Цената на струјата за домаќинствата зголемена за половина процент

Донесена одлука: Цената на струјата за домаќинствата зголемена за половина процент

ЕВЕ КАКОВ Е БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ ВО ЗЕМЈАВА: НБРМ ја одржа редовната седница на Советот

ЕВЕ КАКОВ Е БАНКАРСКИОТ СИСТЕМ ВО ЗЕМЈАВА: НБРМ ја одржа редовната седница на Советот

Данска воведува данок на издувни гасови кај добитокот: Фармерите ќе плаќаат по 90 евра за крава

Данска воведува данок на издувни гасови кај добитокот: Фармерите ќе плаќаат по 90 евра за крава

Новите технологии се клуч на развојот на економијата

Новите технологии се клуч на развојот на економијата