ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“
Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2024
За да се заштитат од змии, граѓаните купуваат репеленти. Нив ги има во аптеките, но истите се нудат и на интернет. Од земјоделските аптеки објаснуваат дека имаат редовни муштерии, луѓе кои секоја сезона си набавуваат средства против змии.
Ова лето има зголемена појава на змии во земјава. Влекачите сè почесто се раздвижуваат во руралните средини, но луѓето ги забележале и во урбаните места. Ги сретнуваат по полињата, но и во градските средини, во паркови, покрај маркети и на други места.
„Луѓето купуваат репеленти против змии. Повеќето го земаат за употреба во рурални средини, најчесто за во викендиците. Ние имаме сулфур, природен репелент, на килограм се продава, како прашок е и се соли. И лани и оваа година имаше интерес, не можам точно да кажам дали сега луѓето почесто бараат репеленти. Цената е 250 денари за килограм и кој чувствува опасност од змии, ќе купи. Репелентот ги одвраќа змиите, не можат да го трпат мирисот. Има викенди кога се купува и се фрла многу, има и викенди кога се продава малку, зависи“, велат од земјоделска аптека од Скопје.
Додаваат дека превентива постои и добро е луѓето да ја користат за да се заштитат од змии и да не дојде до несакани ситуации.
„Имаат навика, тие што си знаат си купуваат. Има луѓе што сега направиле нови викендици, нови куќи и сакаат тој простор да го заштитат. Редовните муштерии си купуваат секоја година. Пред некоја година луѓето го земаа репелентот во февруари, додека некои купуваат во мај. Има многу различни ситуации. Нема правило дали повеќе купуваат луѓето од село или од град. Оваа година е чудна, мислам на временските услови и има многу влекачи, глодари“, додаваат од скопска аптека.
И во наредните месеци очекуваат дека побарувачка ќе има.
„Елементарен сулфур користам. Купуваат луѓето. Си земаат за на викендици, да нема змии ако работат таму. Насолуваат и на 20 метри не се приближуваат змиите. Ефикасно е. Шатори ако поставуваат, околу куќи во селата, тие што се на ридести места си ставаат. Килограм чини 170 денари. Цела сезона 30 килограми може да се потрошат. Земаат по килограм или две. Луѓето почнуваат во пролет да земаат сулфур, кога се раздвидуваат змиите и до есента бараат репелент. Луѓето се запознаени со дејството, а има и поскапи репеленти“, велат од земјоделската аптека Агропрес од Струмица.
Репелентот може да се искористи за во градини, за во гаражи, за во камп приколки.
„Еден колега од Грција носеше такво средство, а сега истото го нема кај нас, но на други места сигурно го има во државата. Се работеше за прашок. Во некои ветеринарни аптеки има средства против змии, во некои не“, додаваат од ветеринарна аптека во главниот град.
Пред две седмици, змија во Охрид касна холандски турист кој прими серум во болницата во Дебар. Потоа змија касна човек во Идризово, а каснување имало и во близина на скопска кафеана покрај Вардар. Во центарот за обука во Идризово, змија нападнала младо момче и иден полицаец, но ова се завршило без посериозни последици, велат од итната медицинска помош. Месецов, Општина Карпош постави репелент против змии околу училиштата и градинките.
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.