19 Април, 2024
0.0252

Босанците најмалку се разведуваат, а Србите и Црногорците најмногу се женат

Објавено во: Стил 29 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Истражувањето на агенцијата „Анадолија“ за состојбата со балканските бракови покажа дека на влез во брачната заедница во регионот најмногу се решаваат Србите и Црногорците, дека Босанците најмалку се разведуваат, додека во Хрватска се распаднал секој четврти брак.

Според податоците на Републичкиот завод за статистика на Србија, минатата година во оваа земја биле склучени 34.639 брака, што е за 3,3 отсто помалку отколку во 2011 година, кога биле склопени 35.808 брака.

Меѓутоа, во 2012 година имало 7.372 разведени бракови, што е за 879 помалку отколку во 2011 гофина, кога се развеле 8.251 брачна двојка.

Според оваа статистика, во 2012 година биле склучени речиси пет брака на 1.000 жители, додека лани секој петти брак во Србија завршил со развод.

Во Црна Гора во 2012 година биле склучени 3.305 брака, а се развеле 515 брачни двојки. Бројот на склучени бракови во оваа земја е помал за 6,3 отсто отколку во 2011 година. Бројот на склучени бракови на 1.000 жители, изнесувала 5,3 отсто.

Во Црна Гора минатата година биле разведени 515 брака, што е за 9,3 отсто повеќе отколку во 2011 година. Исто така, на 1.000 склучени бракови имало 155,8 разводи, односно секој шести брак завршил со развод.

Според Заводот за статистика на Хрватска, во оваа земја во 2012 година биле склучени 20.323 брака, а стапката на склучени бракови на 1.000 жители изнесувала 4,8 отсто. Во оваа земја, која неодамна стана членка на Европската унија, на 1.000 склучени се распаѓаат 278 бракови, односно секој четврти брак завршува со развод.

Во Босна и Херцеговиниа во 2011 година биле склучени 20.084 брака, а разведени 1.609. Тоа е за 1,79 отсто повеќе склучени бракови и за 40,77 отсто повеќе разведени бракови во однос на податоците од 2010 година.

Податоците во  двата босанскохерцеговски ентитети, Федерацијата БиХ и Република Српска, се разликуваат, така според податоците од Федералниот завод за статистика, во овој ентитет во 2012 година се регистрирани 12.060 склучени бракови, додека истата година се забележени 1.176 разводи. Во Федерацијата БиХ, минатата година на 1.000 жители биле склопени четири брака, додека  секој десети брак завршувал со развод.

Податоците на Заводот за статистика на Република Српска покажуваат дека минатата година во овој ентитет имало 5.326 склучени бракови, што во однос на 2011 година е за 476 помалку. Во овој ентитет во 2012 година имало 3,7 склчени бракови на 1.000 жители. Исто така, минатата година во Република Српска имало 878 разведени бракови, односно секој шести склучен брак во овој дел на БиХ  завршил со развод.

Ако се следи трендот на стапување во брачна заедница во светот, според најновите податоци на Евростат, стапката на нупцијалитет, односно бројот на склучени бракови на 1.000 жители, во земјите од Европската унија изнесува 4,4 отсто.

Од друга страна, стапката на диворцијалитет, односно бројот на разведени бракови на 1.000 жители, во земјите на Европската унија изнесува 1,9 отсто.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре