Добивај вести на Viber
"Економската загуба од Божиќ" е од овој тип академски статии, кои ги тераат обичните луѓе да ги сметаат економистите за луди, пишува The New York Times.
"Сметам дека подарувањето на подароци за празниците уништува меѓу една третина и една десетина од вредноста на подароците", тврди Џоел Уолдфогел, професор по економија на Универзитетот Јеил, во својота aнализа од 1993 година.
Тој пресметал дека лошо одбраните подароци чинат помеѓу 4 милијарди долари и 13 милијарди долари годишно во економска загуба.
За споредба Уолдфогел проценува дека економската цена на данок на доход во САД е 50 милијарди долари.
Тоа е од овој вид провокации кои економистите ги сакаат. Тие ја отфрлаат сентименталната традиција и ги игнорираат меѓучовечките односи, истовремено ја потврдуваат добродетелта на индивидуалниот избор.
"Економската загуба од Божиќ" беше објавена во The American Economic Review - едно од трите најдобри списанија за економија во светот.
Иако пропагира некупување на подароци самиот Уолдфогел на крајот купува подароци, барем за некои луѓе.
"Кога ги познавам луѓето добро, јас им одберам подароци", изјави Уолдфогел за NYT.
Минатата година членовите на експертскиот панел за економија кон Факултетот за економија на Универзитетот во Чикаго со големо мнозинство го одбранија подарувањето на подароци како ефикасен начин луѓето да покажат на своите блиски, дека им значат.
Деидид Аутур од Масачутскиот институт за технологија наведе "расположлива предност": ако луѓето даваат и добиваат толку подароци, ова најверојатно е бидејќи ги прави среќни. Алберто Алесио од Универзитетот Харвард смета дека изборот на подарок е "сигнал за интензитетот на напорот за пребарување", што преведено од економски значи "идејата има значење".
За да бидеме искрени кон Уолдфогел, голем дел од подароците се даруваат и меѓу луѓе кои не се познаваат толку добро. Основна теза во неговата статија е дека не сите подароци се исти. Тој ги има направено своите пресметки, прашувајќи ги своите студенти во Универзитетот Јеил како тие ги оценуваат подароците кои добиле. Професорот ги натерал да ги споредат со реалната цена на подароците. Пријателите и партнерите им биле доста добри во подарувањето на подароци, на кои примателите се радувале. Тетките, чичковци и бабите и дедовците биле оние кои подаруваат најмалку допадливи подароци.
Според професорот оние кои подаруваат подароци на луѓе со кои немаат блиска врска, се поголеми расипници."Не дека дедовците, бабите, тетки и чичковци се справуваат лошо во тоа. Тие едноставно не го гледаат примачот многу често. "Од ова следат и несоодветните подароци.
Како начин да се избегне трошењето, без целосно да се укинува традицијата со божиќните подароци, професорот го наведува давањето пари на рака. Така децата пример ќе можат да купат токму она што тие сакаат. Овој пристап сепак тешко наоѓал целосна реализација при наметите јавни патишта.
Уолдфогел навивива и за појавата на ваучерите за подароци како замена за лошите подароци. Тоа е нешто што можеш да го купиш, ако немаш никаква идеја што точно сака човекот, без да му даваш пари на рака.
К.К.