20 Декември, 2025
0.0393

„Божиќ годинава порано доаѓа во ЕУ“

Објавено во: Свет 26 Ноември, 2014 20:20

Добивај вести на Viber

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во Европскиот парламент во Стразбур го претстави инвестицискиот план кој треба да и помогне на стагнираната европска економија да започне да создава нови работни места. Јункер летово кога беше исбран на позицијата вети дека планот тежок 300 милијарди евра ќе го претстави до Божиќ. „Божиќ оваа година доаѓа порано. Го исполнив ветувањето. Европската унија денеска врти нова страница. Им нудиме надеж на Европејците разочарани по години стагнација“, рече Јункер пред европарламентарците. Инвестицискиот план треба во следните три години да обезбеди инвестиции од најмалку 315 милијарди евра. Планот, сепак не нуди свежи пари, туку настојува да привлече приватни инвестиции со помош на постоечките средства во буџетот на ЕУ и придонесот на Европската инвестициска банка. „Не ни требаат нови пари, ни треба нов почеток. Треба паметно да ги користиме јавните пари за да ги деблокираме приватните инвестиции. Ова е најголемиот напор направен во поновата историја на користењето на европскиот буџет за поттикнување дополнителни инвестиции“, нагласи Јункер. Планот почива на три централни точки: мобилизирање на средства за инвестиции без зголемување на јавните долгови, насочување на вложувањата во проекти во клучните области како што се инфраструктура, образование, истражување и иновации и отстранување на бариерите за инвестициите во одредени сектори. Комисијата предлага формирање на Европски фонд за стратешки инвестиции во рамките на Европската инвестициска банка, кој ќе располага со почетен капитал од 21 милијарди евра. Со овие пари треба да се привлечат околу 300 милијарди евра за стратешки инвесиции, како што се вложувања во широкопојасен интернет, енергетска и сообраќајна инфраструктура, образование, истражување, иновации, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Земјите-членки на ЕУ ќе можат да придонесуваат во Европскиот фонд за стратешки инвестиции, а тие средства нема да им се сметаат во буџетскиот дефицит. Планот треба да го потврдат шефовите на држави и влади на земјите-членки и Европскиот парламент, а Јукер очекува да биде оперативен до средината на следната година.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја