19 Декември, 2025
0.0535

Божиновска од конференцијата ЕНЕРГЕТИКА 2024: Енергетската транзиција е полна со предизвици

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2024 14:00

Добивај вести на Viber

Божиновска од конференцијата ЕНЕРГЕТИКА 2024: Енергетската транзиција е полна со предизвици

Додека државите ширум светот, вклучувајќи ја и Македонија, се соочуваат со зголемена побарувачка за енергија и потребата за итни климатски акции, неопходно е да соработуваме за иновациите и стратешки да планираме нови проекти. Живееме во реалност кога сè што е поврзано со енергетскиот сектор е од исклучителна важност, па соодветно на тоа и темата на годинешниот собир, ни дава увид и нѐ поттикнува за поенергично влегување во унапредување на знаењата, политиките и технологиите во производството на енергија, одржливиот развој и заштитата на животната средина. 

Ова го порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во својство на говорник, во рамките на реномираната меѓународна конференција „Енергетика 2024“. Во своето обраќање, Божиновска се осврна на значењето на производството и дистрибуцијата на енергија како основа на економскиот раст и стабилност. 

„Влегуваме во ера на чиста енергија, енергетска ефикасност и технолошки напредок, која ќе ни овозможи намалување на емисиите на јаглерод и истовремено обезбедување сигурен и достапен пристап до енергија за сите. Ова нѐ води до една од клучните теми на конференцијата: енергетската транзиција. Државите се оддалечуваат од фосилните горива и вложуваат во обновливи извори на енергија, како сончевата, ветерната, хидро и геотермалната енергија. Македонија не е исклучок, затоа што правивме значителни чекори во проширување на капацитетите за обновлива енергија, особено со проектите за сончеви и ветерни паркови. Сепак, мора да признаеме дека оваа транзиција е полна со предизвици“ нагласи Божиновска.

Политичките рамки, исто така, играат значајна улога во енергетската транзиција. Политиките мора да бидат насочени кон поддршка на преминот кон чиста енергија, додека ги адресираат и социо-економските аспекти на овој процес. Владите, смета Божиновска, треба да обезбедат јасни и предвидливи регулаторни услови кои ќе поттикнуваат инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. 

„Ова нѐ води до втората критична тема на конференцијата: одржлив развој на енергетските системи што ги градиме денес, ќе имаат далекусежни последици за идните генерации. Нашата одговорност е да осигураме дека тие системи се одржливи, отпорни и прилагодливи на променливите потреби на општеството и животната средина. Одржливиот развој во енергетскиот сектор не подразбира само усвојување на технологии за чиста енергија, туку и промовирање на енергетската ефикасност и намалување на нашата вкупна потрошувачка на енергија. „Оваа значајна конференција во организација на ЗЕМАК не е само можност за размена на знаења, туку и повик на акција. Идеите што ќе ги размениме и партнерствата што ќе ги изградиме овде ќе ја обликуваат иднината на енергетиката во земјава, регионот и светот. Да ја искористиме оваа можност за да создадеме нови соработки, да истражиме најнови технологии и да развиеме стратегии што ќе нè водат кон почиста, одржлива и сигурна енергетска иднина. Заедно, можеме да ги надминеме предизвиците и да изградиме подобар, позелен свет за идните генерации“ порача министерката Божиновска.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии