20 Декември, 2025
0.0347

Божиновска: Со изградбата на гасниот интерконектор со Грција, Македонија добива регионално влијание – силна, поврзана и подготвена за утре

Објавено во: Економија 09 Јули, 2025 15:56

Добивај вести на Viber

Со симболично потпишување на првите гасоводни цевки во близина на Неготино, беше означен почетокот на реализацијата на најголемата енергетска инвестиција во последната деценија – проект што ја менува енергетската слика на државата. Започна изградбата на гасниот интерконектор со Грција.Интерконекторот ќе овозможи пристап до нови извори на природен гас, стабилно снабдување и реални услови за пониски цени за домаќинствата и индустријата. Преку оваа поврзаност со Грција, Македонија конечно воспоставува вистинска енергетска диверзификација и излегува од долгогодишната инфраструктурна изолација.

„ Македонија станува клучен играч во регионалната енергетска мрежа. Не само што ја зајакнуваме нашата енергетска независност, туку и придонесуваме за стабилноста на целиот регион Секој метар од оваа траса е симбол на визија, одговорност и енергетска зрелост. Македонија не чека – Македонија гради. За економија што расте, за воздух што е чист, за држава што конечно знае каде оди“, изјави министерката Сања Божиновска на денешниот настан.

Проектот, со вкупна вредност од околу 83 милиони евра, ќе биде завршен за 22 месеци. Цевководот е дизајниран и за идниот транспорт на зелен водород и е технолошки усогласен со европските стандарди.

Проектот, вреден над 83 милиони евра, е поддржан од Европската Унија, ЕИБ и ЕБОР. Изградбата ја презема домашната компанија „Рапид Билд“ од Куманово, што дополнително ја зацврстува улогата на македонската економија во реализацијата на капитални инвестиции.

„Горди сме што македонска фирма, со македонски капацитети и македонски работници ја презема оваа одговорност. Ова не е само енергетски проект – ова е инвестиција во нашата економија, во нашите луѓе, во нашите семејства. Секој денар вложен тука се враќа во македонската економија – создава работни места, поддржува локални бизниси и го зајакнува нашиот економски суверенитет“, изјави министерката.

„Со овој проект, испраќаме јасна порака – Македонија повеќе не е заложник на инфраструктурна изолацја. Не чекаме, туку делуваме“, нагласи Божиновска. Покрај интерконекторот со Грција, Министерството веќе работи на следните клучни поврзувања со Србија, Косово... што ќе ја комплетираат регионалната гасна мрежа и ќе ја позиционираат Македонија како транзитна и снабдувачка точка на Балканот.

„Финализираме техничката документација за интерконекторот со Србија, интензивно работиме и на поврзување со Косово, а пред реализација е и ставање во функција на продуктоводот. Тоа се се нови врати кон стабилна, сигурна и современа енергетска мрежа.“, додаде министерката Божиновска.

Проектот носи и значајни еколошки придобивки – природниот гас како почист енергент ќе овозможи постепено намалување на загадувањето, особено во општини каде се користат мазут и дрва за греење.

На крајот од своето обраќање, министерката упати силна порака:

„Горда сум што успеавме да го реализиравме проектот кој со години стоеше во место.  Денес ја поставуваме Македонија на мапата како регионален лидер – силна, поврзана и подготвена за утре.“

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба