19 Декември, 2025
0.0533

Браќата џихадисти лоцирани – држат заложници!

Објавено во: Свет 09 Јануари, 2015 11:20

Добивај вести на Viber

Напаѓачите на „Шарли Ебдо“, браќата Куаши, биле лоцирани во еден магацин во местото Дамартен де Гоел, јавуваат светските медиуми кои додаваат дека џихадистите држат заложници и дека во моментов се очекува да пристигне преговарачки тим. Француските медиуми во меѓувреме објавуваат различни информации. „Паризиен“ јави дека две лица настрадале при размена на оган помеѓу полицијата и напаѓачите, а „Ројтерс“ јаву дека едно лице загинало. Меѓутоа официјални претставници негираа дека има мртви. Министерот за внатрешни работи, Бернар Казнев, ја потврдил акцијата во местото Дамартин де Гоал, кое се наоѓа на 35 километри од Париз. Во моментов се очекува да почнат преговори со напаѓачите. Француски „Монд“ објави дека во акцијата вклучени се и хеликоптерски екипи. Овој француски весник исто така наведува дека магацинот во кој се наоѓаат напаѓачите се наоѓа недалеку од училиште и универзитет. Како што јавува „Би – Би - Си“, полицијата рекла дека напаѓачите се тешко вооружени. Терористите до ова место стигнале откако претходно украле автомобил Пежо 206. На локацијата каде во моментов се напаѓачите стигнале огромен број новинарски екипи. Портпаролот на болницата рекол дека сите се подготвуваат за во случај доколку би требало итно да интервенираат, но дека до сега не добиле ниту една дојава, пренесува „Монд“. Во текот на изминатата ноќ во Франција беа одржани бдеења, а во целиот свет беше оддадена почит на жртвите од овој напад, меѓу кои најмногу беа новинари.    

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела