БРАЌАТА ПЕЦОВСКИ ГИ ЗАСИЛУВААТ ПОЗИЦИИТЕ ВО „РЕПЛЕК“ - купува и Владимир, достигна до 6,33 отсто
Објавено во: Економија 07 Август, 2024
Браќата Душан и Владимир Пецовски, покажуваат дека веруваат во „Реплек“ и дека сакаат да го работат фармацевтскиот бизнис.
Нови акции купи братот Владимир Пецовски, со што бројот на негови акции се искачи на 16.404 акции, и неговиот акционерски пакет достигна 6,33 отсто.
„Реплек АД Скопје објавува дека акционер со над 5 отсто, Владимир Пецовски, се стекна со три нови акции, со што поседува вкупно 16.404 или 6,33 отсто од вкупниот број на акции“, се вели во објавата од компанијата.
Братот на Владимир, Душан, кој воедно е и извршен директор на компанијата, поседува 12,19 отсто од акциите.